Нема поточен хороскоп: Единствените 5 знаци на кои им се предвидува среќа во 2021!

admin22

Малкумина се разбираат во тибетска астрологија, а со неа се занимаваат само луѓе што имаат стара стекната вештина и знаење за астролошките толкувања

Според тибетската астрологија, 2021 година се нарекува година на младата месечина и предвидува дека носи обнова, раст и нови можности. Оние што се насочени кон врвот, односно кон исполнување на своите цели, во 2021 година ќе имаат дополнителна самодоверба, просперитет и финансиска среќа.

Тибетската астрологија е поинаква од западните астролошки прогнози и толкувања. Таа не се заснова само на толкување планетарни аспекти и соѕвездија, туку претставува и симбиоза на астрологијата и нумерологијата.

Тибетскиот хороскоп во 2021 година издвојува 5 знаци на кои годината на младата месечина особено ќе им донесе среќа…

Змеј – Лица родени во 1940/1952/1964/1976/1988/2000/2012

Луѓето родени во знакот Змеј ги очекува напредок и голем успех оваа година. Нивните најсреќни денови во месецот се 3, 15 и 27 и тогаш се препорачува да започнете нешто ново. Негувајте ја вашата фантазија, развивајте ја и проширете ги видиците. Освестете ја својата енергија и моќ.

Во 2021 година Змејовите полесно ќе се поврзуваат со други луѓе, грижејќи се за нивните чувства. Секој проблем ќе го разгледуваат внимателно и претпазливо, набљудувајќи го од повеќе агли. Лесно ќе ги надминат препреките.

Кобра – Лица родени во 1941/1953/1965/1977/1989/2001/2013

Кобрите имаат голем талент – се верува дека сè што ќе допрат, може да се претвори во злато. Оваа легенда во реалноста значи дека ова се луѓе со вредни и вешти раце и дека секогаш целосно ја завршуваат работа, не откажувајќи се додека не ја остварат својата цел. Оваа година нивниот труд особено ќе се наградува и наплаќа, па можно е да напредуваат финансиски. Нивни среќни датуми се 1, 13 и 25 ден во месецот.

Астрологијата истакнува дека луѓето родени во знакот Кобра ќе остварат добар професионален напредок, а многумина ќе си исполнат една стара желба и ќе почнат да се занимаваат со професијата за којашто сонувале.

Чувар на огнот – Лица родени во 1942/1954/1966/1978/1990/2002/2014

Главната мисија на овие луѓе е да внесат светлина во мракот, топлина во студот и ред во хаосот. Чуварите на огнот се луѓе што носат добра енергија, ги привлекуваат другите и совршено се снаоѓаат во тимска работа. Најдобар период за професионален успех и финансии ги очекува во текот на зимата, а најсреќни денови во месецот им се 4, 6 и 28. Интуицијата ви помага да донесете добри одлуки и да ги одберете вистинските соработници и партнери во работата. Ќе остварите финансиска добивка со помош на одлични идеи и добри комуникациски способности.

Извор – Лица родени во 1943/1955/1967/1979/1991/2003/2015

Се верува дека овие луѓе се гласници на добри вести. Тие имаат авторитет, одлични лидери се и луѓето им веруваат. Најголем успех ги очекува во текот на есента 2021 година, а најдобрите денови им се 5, 17 и 29 ден во месецот. Секогаш го одбираат вистинскиот пат за остварување на целите, а успехот им доаѓа преку комуникација и добра интеракција со колегите. Ги очекува голема поддршка на патувањето кон остварување на целите.

Желка – Лица родени во 1946/1958/1970/1982/1994/2006/2018

За вас ова ќе биде добра година, бидејќи ќе ги искористите скриените таленти. Одбегнувате ризик и точно знаете како да ѝ се доближите на вашата цел. Зголемената свест и интуиција ви носат сила да ги решите најголемите предизвици во годината на млада месечина. Ве опкружува енергија на изобилство, а најдобар период од годината за вас е пролетта. Најсреќни денови се 8, 20 и 31 ден во месецот. Играјте си со вашите планови, универзумот ќе ве поттикне да ги остварите соништата.

Loading...
Next Post

Изгледаат ладно и тврдоглаво, но... Ова е најчесниот хороскопски знак

Според астролозите Бикот е најчесниот хороскопски знак, а со тоа некои од луѓето можеби ќе се согласат, а некои и не. Иако ги бие лош глас дека се ладни и тврдоглави луѓе, Биковите никогаш нема да дозволат некој да биде запоставен. Тие се многу самостојни и сакаат сами да ги […]