Ненад Јовановиќ: Тие што жолчно ме плукаа изминативе 365 дена за се’, да им порачам дека ќе бидат на ЦРНА листа

admin

Политичкиот аналитичар Ненад Јовановиќ, во два статуси изминатите два дена, ги коментира информациите од САД, за ставање на црна листа на сите оние кои ги подриваат мировните договори на Балканот и кај нас:

Како велат мрчаторите: “не гледаме ништо спорно во критикување на договорот од Преспа”. Па уште велат, “САД е демократска земја, дозволува критика”.

Пазете, велат – САД дозволува критика!? Кретени, не се работи за критика, туку се работи за тоа дека го подриваат мирот, ги туркаат луѓето во конфликти и националистички фантазми во кои соседите се перцепираат како душмани.

Од друга страна, критиката е светска работа, нужна, критиката создава смисла, само што денешната опозиција не е критична, туку девијантна, Орбанова, и на крајот проруска. На паметниот доста.

Да ги барам линковите кога велам “кој го подрива Преспа договорот свесно или несвесно го загрозува мирот и го продлабочува национализмот”?

Да барам телевизиски дуели кајшто го бранам Преспа договорот, зборувам да бидеме меки кон Бугарите, да не ствараме кинески sидови меѓу соседите?

Да барам датуми кајшто пред жив Ристо Никовски и Клетников, пред цел аудиториум барам промена на име и решавање на спорот со Грција?

А тие што жолчно ме плукаа изминативе 365 дена за се’, да им порачам дека ќе бидат на ЦРНА листа. А вујко не ми е Бајден, ами вујко ми е вујко Бас, па во таа смисла на сите хејтери им порачувам да го повлечат Црвениот бан.

Црвен бан е друго име за Црната листа на САД. За сите националисти, шовинисти и манијаци, Америте им праќаат

Црвен бан. Што значи тоа не знам, ама ништо добро не значи. Денес ќе се движам гордо како паун. Фала и пријатно.

Loading...
Next Post

Еве кои документи се потребни за да се добие бесплатен ваучер за на одмор

По принципот „прв дојден, прв услужен“ 1250 граѓани кои ќе добијат туристички ваучер од 200 евра ќе може да летуваат во некои од домашните туристички центри. За да добијат ваучер ќе мора да бидат брзи, организирани и трпеливи бидејќи се бараат доста документи. „Прв дојден, прв услужен“. Граѓаните кои имаат […]