Ненад Периш одржа трогателен говор: Голема благодарност до сите кои од срце се молеа за Матеј, си одам дома со мојот син

admin22
loading...

Неговиот татко, Ненад Периш изјавил дека конечно си го враќа својот син дома, во неговиот Сплит.

„Човек кој губи некого, како што јас го изгубив Матеј, има само една желба – да му биде сѐ поблизу. Тоа ќе се случи еден ден, јас не знам кога, но ќе се случи. Ние мора да продолжиме да живееме овде на земјата сѐ до нашата нова средба.

Ништо не може да го подготви човек на ваква вест. Денешниот ден беше најлошиот во мојот живот. Сега си го враќам мојот син дома, во неговиот Сплит“, изјавил Ненад Периш за „Слободна Далмација“.

Како потсетување, денеска беше потврдено дека младиот човек чие тело вчера беше пронајдено во Дунав е Матеј Периш. Според „Телеграф“, ДНК анализата докажала дека се работи за исчезнатото момче по кое се трагаше од крајот на минатата година.

Обдукцијата покажа дека причината за смртта е давење, а ќе се прави и токсиколошка анализа, но овие резултати се очекуваат за неколку недели.

Неговото тело беше пронајдено вчера околу 9.30 часот, од страна на морнари, на местото наречено Ада Хуја.

Tелото на Матеј Периш денеска од црквата Свети Антониј во Белград беше испратено во Сплит, каде ќе биде погребан.

Телото беше во црквата од 15 часот, а во 17 часот беше oдржано испраќање на чело со белградскиот надбискуп Станислав Хочевар.

За потсетување, вчера беше потврдено дека младиот човек чие тело беше пронајдено завчера во Дунав е Матеј Периш. Српски „Телеграф“ пренесе дека ДНК анализата докажала оти се работи за исчезнатиот граѓанин на Сплит.

Причината за смр тта е давење, покажа обдукцијата. Ќе се прави и токсиколошка анализа, но овие резултати се очекуваат за неколку недели.

„Би сакал да се обратам до вас новинарите, би сакал да се заблагодарам на градот Белград за големото срце што ми го даде. Без разлика што мојот син тука го заврши својот земен живот, срцето што ми го даде Белград, граѓаните на Белград и цела Србија ми помогна многу за овие 139 дена да почувствувам човечка љубов, грижа, сочувство и се што му треба на човек во вакви моменти“, изјави таткото на Матеј, Ненад Периш.

„Би сакал да се заблагодарам и до МВР на Србија, тие завршија огромна и неверојатна работа, секој контакт со нив беше пред се човечки, а потоа професионален и таков каков што ми требаше да го поминам овој период, а сепак да ги дознаам деталите“, рече тој.

„Благодарам на секој полицаец, началник и на сите што учествуваа во тоа. Би сакал да му се заблагодарам и на хрватското МВР и тие завршија одлична работа, благодарам. Благодарам и на Министерството на БиХ и тие учествуваа на почетокот.“ рече тој.

„Ви благодарам на сите вас новинарите, снимателите, вашите редакции, на сите посебно. Мислам дека покажавте дека сте луѓе и дека во вакви тешки ситуации ја знаете разликата помеѓу вест и болка.

Им благодарам на католичките свештеници, но и на патријархот Порфириј, очекувам дека ќе дојде сеа. Со неговите епископи, владици и сите православни верници кои се отворено срце се молеа за Матеј“, рече неговиот татко.

Loading...
Next Post

Во недела е летен Свети Никола: Ќе се случи чудо, ако направите само една работа!

Верниците на православната црква во недела на 22 мај го одбележуваат летниот Свети Никола, празник посветен на преносот на моштите на Светиот отец Николај – Мирликискиот чудотворец. Во прашање е спомен на настанот кога моштите на овој светец се пренесени од Мир во Бар. Овој празник повеќе се празнува како […]