Нина Групер: На 22 години со партнерот направив нешто што тогаш беше незамисливо

admin

Статус на Нина Ангеловска: „Пред 10 години, на плоштад, на студ и снег, балонот на топол воздух кој го изнајмивме се бореше со ветрот да се исправи со цел да ја пренесе пораката дека се лансира нешто големо и ново на нашиот пазар.
Имав 22 години кога со цело срце и енергија со двајцата партнери тргнавме на претприемачкиот пат…

Ја лансиравме првата платформа за групни попусти во Македонија во време кога е-трговијата речиси и да не постоеше, картичките се користеа многу малку, социјалните медиуми беа во зародиш, а малите компаниите речиси и да не користеа дигитални алатки и немаа онлајн присуство.

Ниту почетоците, ниту прогресот и успесите не беа лесни. Вложувавме многу напорна работа, се боревме со секој предизвик, го совладувавме и го рагазувавме “длабокиот снег” за останатите.

Секоја совладана препрака (а ги имаше многу) значеше многу работа ама и нови собрани знаења и искуства што не правеа подобри и попаметни за следната.

Придонесовме за развој на е-трговијата, им помогнавме на стотици компании да се приклучат во е-светот, да добијат нови клиенти и да го рашират својот бизнис.

Илјадници е-купувачи за прв пат купија онлјан на Grouper, пробаа нови искуства, открија нови места и станаа дел од Grouper заедницата која секоја година се зголемувше се повеќе.

Придонесот на Grouper беше препознат дома и меѓународно преку бројните награди и признанија (Forbes, UNCTAD и многу други).

Заедно со неуморниот тим ја заживеавме и трансформиравме е-трговијата. Горди сме за се постигнато. Покрај тоа што сум горда, сум и неизмерно благодарна – на партнерите сo кои поминавме една неповторлива деценија, на тимот (кои ми се многу повеќе од колеги).

На моите родители и сестра ми кои ми даваа неизмерна поддршка и се справуваа со мене, на сите пријатели кои веруваа во мене од самите почетоци и ми беа помош и поддршка и секако на соработниците со кои изградивме пријателства и на корисниците без кои Grouper немаше да биде тоа што е денес.

После 10 групер години, задоволство ми е да ја споделам големата новина на која работевме изминатиот период. Ми претставува чест да споделам дека Grouper стана член на Payten (дел од полската групација Аsseco SEE) фамилијата.

Низ годините Grouper растеше, се менуваше постојано и постигна многу. Но има уште многу простор за раст и натамошен напредок кој веруваме дека полесно ќе го оствари како дел од меѓународна групација.

Оваа аквизиција за нас значи многу повеќе – тоа е признание на нашата напорна работа, посветеност и на досегашните успеси, но воедно претставува одлична можност за целосна реализација на потенцијалот на Grouper.

Payten, провајдерот на целосни софтверски решенија за платежната индустрија, е дел од ASSECO групацијата – една од водечките софтверски компании во Европа, која од неодамна значајно го шири бизнисот со вклучување на компании во доменот на развој на сотвер за платежни солуции во Европа и пошироко.

Покрај платежните солуции, ивестициите и ширењето во е-трговија како стратешката определба е во фокус веќе извесно време, а чест ми е што Grouper е првата e-commerce платформа од регионот која стана дел од групацијата.

После 10 годишен значаен придонес и развивање на е-трговијата како водечка компанија, верувам дека на Grouper му претстои уште побрз раст, нови предизвици, пријателства, соработки и уште многу успеси, сега како дел од меѓународна групација.

Loading...
Next Post

Нејзиниот идол и се поклони на гpoбот- Чолиќ отиде на гpoбиштa да се прости од Мајда!

Здравко Чолиќ е еден од најпопуларните музичари на овие простори, а каков е вусшност, знаат само најблиските пријатели и семејството. Уште од мали нозе Чолиќ покажал интерес за музиката е се запишал во школскиот хор, кој изведувал јавно за празници. Неговата прва група била Амбасадори, во која влегол во 1969 […]