НОВ СИМПТОМ НА КОРОНА: Доколку го почувствувате ОВА, веднаш тестирајте се!

admin22
loading...

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 1.814 тестови, а регистрирани се нови 815 случаи на КОВИД-19

Регистрирани сe 1.252 оздравени пациенти од: Скопје – 375, Битола – 145, Охрид – 127, Куманово и Прилеп – по 80, Тетово – 59, Струга – 55, Велес – 34, Гостивар – 31, Кавадарци – 30, Штип – 28, Кичево – 26, Ресен – 23, Струмица и Дебар – по 21, Неготино – 18, Крива Паланка – 16, Радовиш – 14, Кочани и Демир Хисар – по 11, Крушево – 9, Валандово – 7, Свети Николе и Берово – по 6, Гевгелија и Македонски Брод – по 5, Пехчево – 4, Кратово – 3, Делчево и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа се пријавени две починати лица од Велес (86г и 74г) починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани две починати лица, од Скопје (88г и 88г), двете лица се починати во болнички услови. Лицата за починати се пријавени во период од 19-29.07.2022 година.

Направени се 1.814 теста преку: ИЈЗ-198, ЦЈЗ Скопје-64, ЦЈЗ Битола-56, ЦЈЗ Прилеп-33, ЦЈЗ Тетово-46, ЦЈЗ Куманово-46, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–137, Жан Митрев (Филип Втори)-15, Авицена-25, Биотек-78, Систина-58, лабораторија Лаор-18, Синлаб-8, Ремедика-0, Плодност-18, Генеа-9, Никоб Лаб-58, ВФВ Медикал-8, Ели Медика Плус-5, Ројал Медика–1, Спектра-ММ-17, Рапид Лаб–8, Жан Митрев Струмица–3, Нова Лаб Дијагностика–1, Рамус-19, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 884.

Досега во земјата се направени вкупно 2.120.452 тестирања на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 328.995, бројот на оздравени пациенти е 315.083, на починати е 9.377, а бројот на активни случаи изнесува 4.535

Во изминатата седмица во Грција е регистриран за 21 отсто зголемен број смртни случаи од Ковид-19, вкупно 355 починати, но и за 11 проценти намален број на позитивни случаи, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје за ситуацијата со пандемијата во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Во периодот од 25 до 31 јули биле потврдени 122.230 случаи на Ковид -19, од кои 20 отсто се реинфекции, а биле направени 802.999 тестови, со стапката на позитивност 15,22 отсто, наспроти 15,56 проценти пред една седмица.

За седум дена биле регистрирани 355 смртни случаи, 21 отсто или 84 починати повеќе од минатата седмица.

Во грчките болници во конкретниот период биле примени2.558, а отпуштени 2.219 пациенти, додека пак вкупно 138 лица се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во грчките болници.

Нов скок на бројот на корона вирусот во Србија. Според последните анализи, заразени се уште 6.936 лица, а починале 10 лица. Тестирани се 18.856 лица, 23 пациенти се на вентилатори. Седмиот бран на коронавирусот, како што беше и првиот, повторно ги напаѓа најстарите меѓу нас, па според лекарите неопходни се построги мерки и поголема епидемиолошка контрола.

Ситуацијата е таква што мнозинството од заразените со Ковид-19 немаат никакви симптоми. Кога ќе се појават првите знаци на вирусот, тие обично се благи и често тестот не ги открива, односно е негативен, а пациентот е всушност позитивен на Ковид.

Младите се инфицираат на ист начин како и постарите, но нивната клиничка слика е обично поблага од грипот и изгледа како обична настинка, иако не е. Има малку покачена температура, болно грло кое трае ден-два. Експертите не потсетуваат дека е важно да се тестираме, за себе и за другите.

На оваа тема за телевизија Курир зборуваше д-р Александар Стојановиќ, директор на здравствениот дом „Палилула“.

– Еден од симптомите е болка во ‘рбетот, речиси секој втор, трет пациент од 40 години па нагоре нема никакви мачнини или температура и првпат се среќаваме со овие симптоми – рече д-р Сртојановиќ и додаде:

– Овој вид е специфичен. Имаш болки во кичмата, немаш температура и влегуваш како нешто да си направил и правиш тест и си позитивен. Имаме и заразени бебиња од еден месец, месец и пол. Тинејџери имаш, тие го преболуваат на нозе. Симптомите ќе бидат поблаги. Но возрасните се поранливи – изјави д-р Стојановиќ.

Loading...
Next Post

Утрешниот празник е многу важен за жените: Направете го ова и ќе ви се исполнат желбите

Утре се празнува Марија Магдалена или Марија Магдала во апокрифите од Новиот Завет и во Новиот Завет е опишана како една од најважните женски личности во животот и мисионерството на Исус Христос. Марија Магдалена била доследна следбеничка на делото на Исус Христос во времето на неговиот живот и по него. […]