Нoв ценовен шок за граѓаните – Еве колку поскапува лебот!

admin22
loading...

Овој месец се очекува повторно да биде прогласена кризна состојба во енергетиката. Од Владата најавуваат нови антикризни мерки за граѓаните и компаниите, но како главна цел го посочуваат обезбедувањето струја и други енергенси за зимата.

– Антикризните мерки ќе бидат насочени кон оние кои се најранливи во државата, како што беше и досега. Затоа граѓаните кои имаат ниски примања, кои имаат помалку од другите, треба да знаат дека ќе бидат први на кои ќе се однесуваат овие мерки, рече премиерот Димитар Ковачевски.

Ковачевски потсетува дека со ребалансот на Буџетот беа обезбедени 76 милиони евра за ублажување на последиците од кризата и рече дека веќе е започнат дијалог со стопанските комори за дефинирање на мерките, а пред се за снабдувањето со електрична енергија.

-Пред нас претстои најтешката зима во повоена Европа, рече Ковачевски.

Со оглед на фактот дека РС Македонија во целост се снабдува со гас од Русија, премиерот Ковачевски вели дека ќе мора да се обезбеди непречено снабдување и преку алтернативни извори, а дека ресорните министри веќе работат во таа насока во соработка со соседните држави.

Последно – нова повисока цена забележа лебот, кој кај одредени фирми е поскап за 5 денари. Граѓаните се жалат дека изминатиов период и дел од останатите производи кои се со ограничени маржи забележуваат благ раст.

Пред камерата на Канал 5 велат дека примањата не стигнуваат да ги подмират ниту основните потреби. Живеачката е поскапа од месец во месец.

Сепак, за нова помош граѓаните ќе треба да почекаат уште еден месец. Нов пакет антикризни мерки надлежните најавија за септември, кој ќе важи само за ранливите категории граѓани и фирми кои се најмногу погодени од растот на цените на храната и енергенсите.

За справување со енергетската криза пак, најавено беше дека месецов ќе се прогласи и нова кризна состојба во енергетиката, со цел да се префрлат финансии за ЕСМ да може да набавува енергенси за да го зголеми производството на електрична енергија. Но, останува неизвесно кога ќе се прогласи бидејќи Владата и Собранието од денеска се на колективен одмор.

Поскапува лебот. Новите цени се повисоки за 8 до 10%. Причина за ваквото зголемување се скапите енергенси, велат од мелничко-пекарската индустрија.

„Тоа е најчесто од ударот на зголемувањето на цената на гасот која во авуст е неколкупати покачена во споредба со онаа во месец јули, како и со поскапувањето на електричната енергија со новите измени во правилникот и законите за малите компании кои учестуваат во регулираниот пазар како и за домаќинствата каде што исто така е зголемена цената на електричната енергија.“ – Горан Малишиќ, претседател на групација на мелничко-пекарска индустрија

Промена забележале и граѓаните. Велат дека од пред два дена, речиси сите видови леб имаат зголемени цени.

Очекувањата се дека цената на лебот и натаму ќе оди нагоре, паралелно со растот на цените на енергенсите. Токму затоа мелничарите и пекарите побарале државна помош.

„Држвата мора да учествува во субвенционирање на компаниите со цените на електричната енергија, затоа што само ние сме како индустрија во нашава држава изложени на најскапа електрична енергија.

Секаде во опкружувањето струјата е регулирана и субвенционирана од страна на владите. Ако продолжат цените на енергенсите да се зголемуваат, а тие го достигнаа својот пик во летниот период, замислете што ќе биде во есенските или зимските месеци“.

Маржата на лебот останува ограничена на 5% до крајот на септември. Дали и какви антикризни ќе има потоа, засега не се знае.

Loading...
Next Post

По веста дека 40 Македонци биле избркани од грчки хотел се огласија од агенција ЈК травел! ОВА Е ВИСТИНАТА

Хотелот „Gerakini Sitonia vilage“ денес им го прекинал одморот на десет семејства од Македонија (семејства со деца), поради нерасчистени сметки со агенцијата преку која патувале. Имено семејствата си имале уплатено цел престој, а агенцијата ги немала уплатено целосно средствата на хотелот. Моментално луѓето со мали деца се пред хотелот и […]