Нов ценовен шок за граѓаните, поскапуваат млечните производи!

admin22
loading...

Цената на млекото и млечните производи годинава порасна за 27 проценти, а сушата и поскапувањата на добиточната храна годинава го намалија неговото производство. Сепак, преработувачите смируваат дека нема да има траен недостиг и дека нема простор за стравувања.

Според Ѓорѓи Петрушев, од Групацијата за производство, откуп и преработка на млеко, предизвиците во македонската млечна индустрија не се ништо ново. Предупредува дека и преработувачката индустрија и производителите се соочени со енормниот пораст на трошоците, главно поради поскапувањата на енергенсите.

„Сепак, може да се каже дека не се работи за траен недостиг на млеко, нема причини за такви стравувања. Мора да се каже и дека за перцепцијата на недостиг придонесува и зголемената побарувачка и купување поради шпекулациите дека млеко ќе нема“, вели Петрушевски.

Loading...

Во меѓувреме, порасна и откупната цена на млекото, па во однос на минатата година има раст од околу 40 проценти. Македонија лани произвела нешто над 320 милиони литри млеко, што е најлошо производство во последните десетина години.

Притоа, увезени се скоро 60 милиони килограми млеко и млечни прозводи, или за скоро половина повеќе од тоа што сме го увезувале пред една деценија.

Поскапуваат дел од млечните производи од следната недела. Вакво предупредување добиле дел од трговците. Дел од млекопроизводителите за Телма потврдија дека од понеделник млекото ќе има нова повисока цена. За колку точно ќе се зголеми не се знае, а причината за растот се скапите енергенси.

Во ситуација кога имаме континуиран бран поскапувања во сите производни сегменти, почнувајќи од примарното млекопроизводство и зголемувањето на цената на добиточната храна, што се одрази со зголемување на откупната цена на млекото за 40% само од август ланската година до овој август, како и повеќекратниот раст на цените на енергенсите, бимилк како одговорна компанија и најголем

производител на млеко и млечни производи во текот на целиот период од почеток на кризата има направено неопходни корекции на цената на своите производи.и ние како останатите во индустријата ги очекуваме најавените мерки за поддршка на бизнис секторот за да овозможиме поизедначена позиција во ланецот на млекопроизводство, се вели во дописот од бимилк

Има најави дека ќе поскапат и сирењето, кашкавалот и јогуртот.

И експертите алармираат дека поскапувањата ќе продолжат, но не очекуваат да има некои сериозни скокови кај цените.

Растот на цените на производите ја вивна и инфлацијата. Според статистиката во август годинава достигна речиси 17 проценти. Според Бауш постепена стабилизација би имало дури во 2024 година.

За минимално да се ублажи ценовниот шок се ограничија маржите кај основните проозводи, се скратија и некои дополнителни трошоци. Се ограничи и извозот на одредени производи, како на пченицата, брашното, огревното дрво и пелетите.

Сепак, и покрај ваквите одлуки процентот на инфлацијата од месец за месец расте. Властите сега најавуваат нов пакет мерки за помош и за граѓаните и за стопанството, до крајот на месецов.

Loading...
Next Post

Астро прогноза на Тамара Глоба - Месец ОКТОМВРИ носи многу пари за овие знаци од Зодијакот!

За да бидете во тек со идните настани, корисно е да се запознаете со овој хороскоп за месец октомври 2022 година, кој го состави искусната астролог Тамара Глоба. Средината на есента ветува дека ќе биде успешна за речиси секој знак од зодијакот. А кој нема среќа, ќе покаже нејзиниот хороскоп. […]