Нови детали за драмата кај „Мавровка“: Позната причината поради која човекот сака да скокне

admin22
loading...

Во близина на Трговскиот центар „Мавровка“ во центарот на Скопје во тек е спасувачка акција поради маж кој се обидува да ск-окне од кровот на зграда. Во акцијата учествуваат полицајци и пожарникари, пренесува „360 степени“.

Спасувачките екипи преговараат со човекот во обид да го разубедат, а околу зградата поставија и душек.

Во тек е спасувачка акција на полицијата и Територијалната противпожарна единица на Град Скопје кои се обидуваат да сп-асат маж кој сака да ско-кне од тераса на станбена зграда во близина на трговскиот центар „Мавровка“.

Репортерите на „Коха“ од местото на настанот известуваат дека скопјанецот поради развод од сопругата се качил на кров од зграда кај споменикот Скендербег и се за-канува дека ќе скокне.

Полицијата преговара веќе два часа со човекот во обид да го разубеди во неговата намера.

Од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје изјавија дека нивни екипи се испратени на терен, а поставен е и душек во близина на зградата.

На терен е и екипа на Брза помош.

Од МВР за „Фокус“ ја потврдија оваа информација.

-На 08.06.2021 год. во 08,10 час. пријавено е дека на ул.Филип 2 , кај Мавровка, НН машко лице качено е на покривот од зградата и се заканува дека ќе се ф-рли од истата, На терен се полициски службеници и се преземаат мерки, се вели во одговорот на МВР за „Фокус“.

На терен е присутна и екипа на Брзата помош.

Loading...
Next Post

Пријавете се тука ако сакате ваучери од 12.000 денари за летување во домашните хотели

Заврши јавниот повик за пријавување на сите категории и лиценцирани угостителски објекти за сместување и туристички агенции, кој траеше до 31 мај, се финализира и списокот на хотели и сместувачки капацитети во кои граѓаните со ниски приходи ќе можат да ги искористат ваучерите за летен одмор. Имаше голем интерес на […]