Новости кај Благица Павловска: Пејачката е пред четврти брак?

admin
loading...

Благица Павловска покрај нејзините хитови, позната е и по интересниот љубовен живот, поточно трите брака.

Првиот брак ѝ беше во Сараево, за него малку се знае. Пред две години, таа на Фејсбук се пофали дека е во љубов со извесен Тале, со кого објави фотографија како се бакнува. „Среќна сум што го најдов својот мир покрај човекот на мојот живот – мојата сродна душа.

Едно е многу важно во животот, кога човек ќе ги надмине оние физички побуди од страст кои немаат значење и не ти го полнат срцето. По последниот бродолом кој ми се случи на приватен план, решив да направам пауза и да се посветам на самата себе, да си ја смирам душата и едноставно да се излечам.

И тогаш, најспонтано се заљубив, во човекот кој во моментов седи со мене и ми го храни срцето. Ова не е една од тие љубови кои брзо се палат и гаснат.

Во оваа врска имам силна духовна поврзаност, љубов и почит, а тоа е најважно”, рече тогаш Благица за својата љубов за која подоцна се омажи,а  брзо и се разведе.

Пред Тале, таа беше во брак со Сашо, со кој во 2006 година се венчаа на најнеобично можно место, во за твор. Сашо Симеонов, во затворот “Бронде” во италијанското гратче Салуцо беше речиси една година.  Откако ги добија потребните дозволи, Благица и Сашо се венчаа токму во затворот.  На церемонијата присуствуваше и градоначалникот на Салуцо.

Потоа, Благица го средуваше станот чекајќи го својот сакан да се врати од затвор. Среќата на Благица и на Сашо траеше околу 4 години, по што ставија крај на бракот.

Таа тогаш изјави дека додека била да печали во Австралија за да имаат за убав и лагоден живот, тој во нејзиното џакузи се киснел со љубовниците.

Сега, Благица ѝ е предадена на религијата, и на заштитата на животните. На нејзиниот Фејсбук профил можат да се најдат постови за вдомување на бездомните животни и за спас на животните на кои им треба помош.

Неодамна, Благица раскажа како се штити од корона вирусот: „Правам инхалација со морска сол и со јаболков оцет. Со години себеси се третирам со солена вода, се парам со солена вода и се мачкам со оцет.

Правам пареа на лицето, инхалација на грлото. Нема да коментираам воопшто за таа болест, затоа што знам дека е вештачки наметната, не верувам дека по природен пат се развил таков вирус. Не верувам едноставно, не сакам да му верувам на нештото“, изјави Благица во Женски магазин.

Има една интересна новина со која се пофали минатата есен, и со неа беше наградена на фестивалот „Еврофест“. Иако во моментов нема маж покрај себе, Благица испеа уште една љубовна песна која се вика „Без тебе не можам“. Интересно е што песната е во фолк манир, туку е рокерска.

„Наградената забавна песна на Евро фест одржан во октомври во Домот на Армијата протоколно. Благодарам за наградата и да напоменат дека по втор пат сум во забавните води.

Се надевам ќе пливам достоинствено и понатаму, креативноста е секогаш во нас“. Дали љубовната песна наговестува дека Благица е пред четврт брак како што веќе се зборува?

Loading...
Next Post

Што треба да направи секоја жена за да го заштити домот од лоша среќа - Духовденски понеделник

Православните верници денес го празнуваат Духовденски понеделник, првиот ден после празникот Света Тројца. Духовден или Дуовден е еден од најголемите 12 христијански празници. Се нарекува уште и Педесетница и е еден од најрадосните и најсветли празници во христијанството во кој се слави слегувањето на Светиот Дух врз апостолите на педесеттиот […]