Објавено ново видео на кое Матеј Периш е напaднат и фрлен во реката?!

admin22
loading...

Во потрагата по 27-годишниот Матеј Периш од Сплит, кој исчезна ноќта меѓу 30 и 31 декември во Белград, вклучен е и Интерпол, пишуваат белградските медиуми.

За исчезнувањето на хрватскиот државјанин за кого постои сомнение дека се удавил, се информирани и соседните земји низ кои минува Дунав. Проверени се и коритото и крајбрежјето бидејќи не е исклучена можноста водата во одреден момент да го исфрли телото на површина, пишуваат медиумите.


Таткото на Матеј е убеден дека тој и неговиот син ќе се вратат во Сплит и вели дека без него не заминува од Белград.

Српските истражни власти конечно го лоцирале сигналот на мобилниот телефон на хрватскиот државјанин Матеј Периш кој веќе 11 дена се води за исчезнат. Како што пишуваат српските медиуми, сигналот последен пат е фатен во близина на Големиот воен остров на устието на Сава во Дунав.

Се верува дека телефонот бил во неговиот џеб кога тој влегол во ледената Сава и оти веројатно неговото тело е во близина.


Но потрагата по телото на Матеј е отежната бидејќи водата таму не е длабока, но струите се многу силни.

Извор од истрагата за српските медиуми открива дека полицијата ги презела податоците од сите базни станици во овој дел од Белград, откако Матеј Периш, ноќта меѓу 30 и 31 јануари без никаква причина, истрача од ноќниот клуб Готик во Бетон салата и исчезна без трага.


Врз оснвоа на снимките од надзорните камери во околината на Бетон салата, но и следењето на неговиот телефон, со голема прецизност може да се утврди правецот на движење од моментот кога истрчал од Готик, околу 1.40 часот по полноќ.

Тој потоа преку Караѓорѓевата улица трчал покрај реката до ресторанот „Саванова“ кај Белград на вода и тука на една снимка се гледа како слегува до Сава, но не се гледа моментот кога влегол во вода, вели изворот.

Според него базните станици го регистирале сигналот од неговиот телефон на тоа место, а потоа сигналот е лоциран низводно кај Големиот воен остров, каде се изгубил.


Вечерва на социјалните мрежи се појави зумирана снимка од Матеј Периш од шеталиштето на Сава меѓу два моста, на која се гледа како тој се симнува по скалите.

Но, овој зумиран дел наводно покажува дека Матеј не е сам и дека некој го тепа, по што слегол по скали.


Јасно е дека никој не го брка Периш, но не е сосема јасно што се случило на дното од скалите. Иако снимката е прилично нејасна, во еден момент како да се појавуваат две глави и се туркаат една со друга, а потоа снимката се прекинува.

За потсетување, Матеј исчезнал ноќта помеѓу 30 и 31 декември минатата година, по напуштањето на клубот Готик.

Потрагата по исчезнатиот Матеј Периш трае веќе 12 дена, а според последните информации, лоциран е сигнал на мобилниот телефон на исчезнатото момче кај Големиот воен остров.

Базните станици го регистрирале сигналот на неговиот телефон на тоа место, а потоа сигналот бил лоциран низводно во близина на Големиот воен остров, каде што се изгубил.

Се претпоставува дека Матеј цело време додека го носела Сава го имал телефонот во џебот и дека некаде во близина на островот, на устието на Сава и Дунав, неговото тело останало во водата.

Видеото погледнете го на следниот линк

Loading...
Next Post

Се огласи и менаџерот на Готик клуб од каде исчезна Матеј: Немаме никаква соработка со Веља Невоља

Српската полиција во соработка со Интерпол спроведува истрага на копно и во вода, а на терен се кучиња трагачи, форензичари, професионални нуркачи и волонтери. Засега не се објавуваат премногу информации во јавноста, иако околу целата истрага се создадени низа мистерии. Сè уште е неразбирливо зошто српскиот МУП тврди дека немало […]