Oд 15 август НОВА ЦЕНА – Еве за колку поскапува лебот!

admin22
loading...

`Ржаниот леб вчера достигна вртоглава цена од 93 денари, интегралниот од 84, а белиот на парчиња од 56 денари. Цените се нешто пониски во поголемите маркети, но речиси никаде веќе не може да се најде леб под 50 денари. За една година, за одредени типови на леб, цената скокна за 100 отсто и не застанува тука.

Од мелничко-пекарската индустрија велат дека причината за поскапувањето на лебот се повисоките цени на струјата и гасот за компаниите кои се повисоки дури и за 100 отсто. Оттаму велат дека несериозно е да се очекува намалување на цените на основните производи во услови кога сè е поскапено, а компаниите се пред затворање.

Граѓаните се соочија со нов ценовен шок од почеток на август. Во маркетите низ градот лебот од пред неколку дена има нови цени, кои на некои видови леб се повисоки и до 10 денари.

Од мелничко-пекарската индустрија велат дека причината за поскапувањето на лебот се повисоките цени на струјата и гасот за компаниите кои се повисоки дури и за 100 отсто. Оттаму велат дека несериозно е да се очекува намалување на цените на основните производи во услови кога сè е поскапено, а компаниите се пред затворање.

-Точно цените на лебот се зголемени од 8 до 10 отсто поради зголемување на цените на струјата и гасот кои во август се повисоки за 100 отсто во однос на јули. Големо влијание врз цената на производите има и поскапата струја за малите пекарници кои се на регулираниот пазар и кои порано беа во категоријата на домаќинства, а сега се во четвртата најскапа тарифа заедно со големите потрошувачи. Поради тоа на овие пекарници цената на струјата им се качи од 2 на 11 денари за киловат-час, изјави за ВЕЧЕР, Горан Малишиќ, претседателот на Здружението на малничко-пекарската индустрија.

Тој додава дека, цената на енергенсите на европските берзи во изминатиот период значително пораснаа што се одрази и врз трошоците на компаниите кои се на слободниот пазар. Поради тоа, како што вели цената на лебот ќе расте.

-Државата мора да учествува во субвенционирање на компаниите со цените на електричната енергија, затоа што само ние сме како индустрија во нашава држава изложени на најскапа електрична енергија.

Секаде во опкружувањето струјата е регулирана и субвенционирана од страна на владите. Така на пример во Србија киловат-час за мелниците е 4 денари, а кај нас 24 денари. Ако продолжат цените на енергенсите да се зголемуваат, а тие го достигнаа својот пик во летниот период, замислете што ќе биде во есенските или зимските месеци, вели Малишиќ.

Граѓаните деновиве беа изненадени од новите цени на лебот во маркетите. Велат дека цените постојано растат, а тежината останува иста, 450 грама што значи дека леб од еден килограм реално чини 70 денари.

-Ќе има промена на цените затоа нема цени на некои видови леб. Белиот леб на парче од „Жито Лукс“ е покачен за 6 денари и новата цена ќе биде 50 денари, вели една продавачка во маркет која им објаснуваше на купувачите зашто нема цени на некои видови леб и за колку ќе бидат зголемени.

Пекарниците најавуваат и нови цени на бурекот и белите печива. Бурекот, кој пред неколку месеци е поскапен за една четвртина, чини 70 денари, а може да стигне и до 100 денари. Нови цени ќе имаат и белите печива кои сега се продаваат од 30 до 60 денари.

Дел од производителите на леб во земјава ја зголемија цената, а штипските пекарници се уште лебот го продаваат по старата цена.

Николче Малинов сопственик на пекарница вели дека и тие ќе ја зголемат цената, но, кон средината на овој месец.

Се очекува цената на лебот да се покачи за два денари, а корекцијата ќе ја направат по 15 август. Посочи дека ова се должи на зголемување на цената на струјата, како и на повисоката откупна цена на житните кутури.

Во моментов на рафтовите во пекарниците и супер маркетите најниската цена на лебот во зависност од грамажата е околу 30 денари.

Loading...
Next Post

УЈП со многу важно соопштение за корисниците на „Мој ДДВ“

Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска извести дека новата верзија на апликацијата „Мој ДДВ“ е достапна за корисниците на Хуваеи и Ајфон, а се чека одобрување уште од „Плеј стор”, напоменувајќи дека апликацијата има нови правила и политика на приватност. „По три години неопходни се промени во […]