Oд петок овие граѓани ќе плаќаат 12 проценти пониски сметки за струја!

admin22
loading...

„Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) в среда да одржи подготвителна и главна седница, на која ќе бидат соопштени цените на блок-тарифите, изјави денеска претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски.

„Во текот на оваа недела, најверојатно, в среда, РКЕ ќе одржи подготвителна и главна седница, на која ќе ги соопшти цените на блоковите и ниските тарифи, а до тогаш ќе ги оставиме познатите експерти во државата да лицитираат со цените“, рече тој на подготвителната седница за реформата на тарифниот систем за електрична енергија (блок-тарифи), што се одржа на ФЕИТ.

Четирите блока за потрошена електрична енергија во скапа тарифа остануваат, но со значително зголемување на границите. Па така, во првиот блок влегуваат домаќинствата кои ќе трошат до 210 киловат часови. Вториот блок е на линија до 630 киловати потрошена енергија, третиот 1 050, додека сите оние кои ќе трошат над 1 051 киловат часови ќе влезат во четвртиот блок.

Колку плус ќе плаќаат граѓаните кои трошат повеќе ќе се знае в среда кога ќе биде објавена и новата цена на струјата. Според најавите оние кои ќе влезат во 4тиот блок, ќе плаќаат 4,5 пати повисока цена, односно цена близу пазарната.

„Секој блок ќе си има фиксна цена. Секој потрошувач ќе си има своја просечна цена. Ако цела потрошувачка ви е во скапа тарифа ваша просечна цена ви е поголема, ако е во ефтина тарифа ќе биде 2 пати помала. Секој потрошувач ќе си има своја просечна цена. Но, за прв блок ќе биде иста за сите домаќинства, ако е во втор ќе ја плати само разликата, а сите тие ќе си бидат фиксни цени.“ изјави Марко Бислимовски, претседател на РКЕ

Бислимоски рече „колку ќе биде просечно зголемување на цената, сето тоа ќе го објавиме в среда. Апсолутно, тоа што е во четвртиот блок е само за четвритот блок, за другите блокови ќе се води сметка да може потрошувачите да си ги платат своите сметки за електрична енегрија доколку имаат своја нормална и разумна потрошувачка на електрична енергија“.

При одредувањето на тарифниот блок ќе се зема во предвид само потрошената електрична енергија во висока тарифа (скапа струја):

– прв тарифен блок: од 0 до 210 kWh;

– втор тарифен блок: од 210 kWh до 630 kWh;

– трет тарифен блок: од 630 kWh до 1 050 kWh;

– четврт тарифен блок: над 1 050 kWh.

Изјави дека заклучно со јуни, иако биле планирани 0 денари за набавка на струја од увоз, „ЕВН хоум“, поради, како што вели, некоректен однос на одредени индустриски потрошувачки и општини, направи непланирана набавка од 33 милиони евра.

„Дополнително, имаме ситуација – уредбата за кризна состојба се укина и исто така универзалниот снабдувач ќе има обврска да ја откупува електричната енергија и од повластените производители, тоа е некаде околу 10 милиона евра, и цената на ЕСМ е нешто повисока, од 41 евро на 48 евра за мегават-час, но притоа треба да се знае дека и ЕСМ ќе обезбеди загуби на електричната енергија во дистрибутивната мрежа од 143 евра за мегават-час, така што ЕСМ сериозно влијае на намалувањето на ризиците врз цената“, истакна Бислимоски на прес-конференцијата.

Универзитетскиот професор Рубен Талески рече дека пресметките покажале дека за затоплување еден просечен стан со инвертор доволни ќе бидат 600 киловат-часови и затоа направиле промени во однос на висините на блок-тарифите, за да може тие што се греат на струја, да не плаќаат високи цени.

– Ако сега, со овие цени што важат за струјата до 1 јули, направиме симулација за примена на новиот модел на тарифирање, граѓаните што ќе влезат во втората и во третата тарифа ќе плаќаат 12 проценти пониски сметки – рече Талески.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски уште еднаш повтори дека потрошувачите ќе ги плаќаат само разликите од еден во друг блок, како што ќе ги поминуваат границите.

Тој напомена и дека има случаи кога две-три семејства живеат во една куќа на неколку катови и имаат заедничко броило за електрична енергија, па за да не преоѓаат во скапите блокови неопходно е разделување на потрошувачите.

– Ги повикувам ЕВН во најкус можен рок да одговорат на барањето на граѓаните за раздвојување на броилата – рече Бислимоски и информираше дека таа услуга е 12.000 денари.

Од 1 јули, со новите цени и новиот тарифен систем, граѓаните ќе добиваат и поинаку конципирани сметки. Во нив ќе има цена за електрична енергија и цена за мрежни услуги – за дистрибуција и за пренос.

Loading...
Next Post

Oвиe знаци на Зодијакот до крајот на летото ќе се збогатат!

Монетарните астро прогнози се и повеќе од поволни за некои хороскопски знаци Еве кои се среќниците кои имаат големи шанси, не само да го преживеат летото без потешкотии, туку и драстично да ги зголемат своите заштеди: Овен Претставниците на овој хороскопски знак ќе доживеат бум на полето на работата, секој […]