Од следната недела производство на руската вакцина „Спутник V“ во Белград

admin22
loading...

Државниот секретар во Министерството за здравство на Србија, Мирсад Џерлек, денеска за ТВ Пинк изјави дека земјата е „многу близу до победа на корона вирусот“.

Тој додаде дека за тоа ќе придонесе и производството на вакцината, која Србија ќе започне да ја произведува со помош на руски експерти.

Џерлекрече дека доаѓањето на руски експерти, кои ќе помогнат во започнувањето на производството на вакцината против Ковид-19 е планирано за 11.Февруари.

Loading...

-Со производство на вакцината против корона вирусот, ќе го вратиме „Торлак“ на врвната позиција која ја имаше. Во тој институт работат исклучително квалитетни експерти, треба да се реши само прашањето за техничко-технолошките работи, истакна државниот секретар Џерлек.

На прашањето дали е безбедно да се вакцинираат и луѓето кои имаат Ковид-19, тој посочи декавеќе имало такви случаи, но дека станува збор за асимптоматски случаи, односно дека луќето не ни знаеле дека се заразени со вирусот.

-Овие луѓе треба да знаат дека немаат никаква штета од вакцинацијата. Важно е да се заврши третманот и по 28 дена, по престанокот на сите симптоми на вирусот, тие треба да бидат повторно вакцинирани, рече Џерлек.

Loading...
Next Post

(ВИДЕО) ТРИКОВИ ЗА МНОЖЕЊЕ: Кој би помислил дека е толку лесно?

За некои, математиката беше омилен предмет на училиште, додека за други тоа беше причина за уништениот летен одмор. Веќе знаете, минувајќи и други непријатности. Сепак, корисникот на Instagram објавува трикови за полесно пресметување, а овој пат станува збор за множење со бројот 9. View this post on Instagram A post […]