Остана без синот единец: Македонскиот градоначалник скршен од болка

admin22
loading...

Педесетгодишниот Азем Садики е градоначалник на Студеничани. Тој по четврти пат, или во трет мандат во низа ја предводи општината

Градоначалник на општина Студеничани е Азем Садику од редовите на ДПА. Тој бил реизбран на локалните избори од 2017 година за трет мандат од четири години. Садику претходно бил градоначалник во мандатите 2000 — 2005 и 2013 — 2017. Советот на општина Студеничани е составен од 15 члена.

Прв пат бил избран на локалните избори во 2000 година.

По пауза од неколку години, во кои обавувал други функции тој се враќа во Студеничани и победува на изборите во 2013 година. Економистот по професија, својата популарност во локалната средина ја верификува и на следната проверка, пред четири години.

На овие, како и на сите претходни соочувања со гласачите настапува како кандидат на ДПА. Тој е сега нивниот единствен функционер кој успева да извојува победа.

За само 59 гласа повеќе од својот опонент од ДУИ, Ејуп Абаз, кој освои 4 060 гласа, Садики и во наредниот четиригодишен мандат ќе ја води општина Студеничани.

Во раните утрински часови денеска почина синот на Азем Садику, градоначалникот на општина Студеничани, објави порталот на албански јазик aktuale.mk.

Басри Садику подолго време се борел со тешка болест, а последните два дена состојбата му се влошила.

„Долгогодишната битка со оваа болест Басри ја загуби во Клиничката болница „Мајка Тереза“ во Скопје. И покрај тешката здравствена состојба беше доста активен раководејќи со неколку информативни веб-страници“, пишува aktuale.mk.

Неговиот татко Азем Садику, инаку по вокација економист, веќе трет мандат во низа ја предводи општина Студеничани.

Loading...
Next Post

Се мажи најубавата жена од Босфор: Eве кој познат Турчин ѝ го украде срцето на Демет Оздемир?

Актерката од популарните турски серии објави кога ќе се омажи за својот избраник. Турската актерка Демет Оздемир, ѕвездата на серијата „Сонувачот“ која се емитуваше и кај нас, е една од најпопуларните личности во својата земја, па медиумите постојано пишуваат за нејзиниот приватен живот. Како што најави Демет, таа наскоро конечно […]