Ова е девојката со која исчезнатиот Матеј последен пат разговарал – откриено што барал од неа

admin22
loading...

Српското Министерство за внатрешни работи се огласи за 27-годишниот Матеј Периш, момчето од Сплит кое исчезна во Белград пред точно две недели.

Објавена е комплетна реконструкција со цел да им се застане на патот на сите дезинформации, особено откако се објавени повеќе различни видеа на социјалните мрежи.

Полициските службеници прегледале над сто часа материјал од сите надзорни камери од трасата по која се движел Периш, од моментот на излегување од халата Бетон, па се’ до симнувањето кон Сава од каде му се губи секаква трага.

По исчезнатото момче од Сплит се трага веќе 16 дена, а секојдневно има нови информации кои се точни и официјални, како и неофицијални.

Сигурно тоа што предизвикува голема бура во јавноста е тоа што се појавила мистериозна девојка од Сплит, со која Матеј Периш (28) критичната вечер се слушнал по телефон.

Како што дознава српски „Курир“, станува збор за М.С. од Сплит, сопственичка на фирма на бродови во тој град, а на 30 декември била во Белград со своето друштво како и Матеј.

„Откако се дозна дека убавата девојка некако е поврзана со исчезнатиот Матеј, сите новинари од Хрватска се обидоа да стапат во контакт со неа, но таа сите ги блокирала и одбила да соработува со нив“, вели извор од Сплит и додава:

„Дури ги избришала и профилите на социјалните мрежи. Откако се дознало за неа во јавноста, многумина се прашуваат како била поврзана со исчезнатото момче, но набрзо било откриено дека пријател од Матеј е нејзин брат“.

Според зборовите на соговорникот на српски „Курир“, станува збор за пријател на исчезнатиот кој не сакал да тргне со нив на патувањето во Белград.

„Братот на М.С. не сакал да оди на патувањето затоа што сметал дека е рано да се забавува затоа што неодамна изгубиле пријател. Но, Матеј секако дека стапил во контакт со Сплиќанката“, вели изворот, па продолжил:

„Секако дека се слушнале неколку пати таа вечер кога исчезна. Меѓутоа, М.С. е многу контрадикторна во своите изјави затоа што навела дека поради музиката во локалот не разбрала што ѝ зборува Матеј. Од друга страна изјавила дека видела само пропуштен повик од Матеј“.

Изворот од Сплит вели дека М.С. кога се прочуло во јавноста за случајот за Матеј, дури ставила и црна фотографија на својот профил на Фејсбук.

„Стави фотографија пред неколку денови и наводно жали по него. Сето тоа е чудно на некој начин, но и сомнително делува и нејзиниот исказ кој го дала во полиција. Меѓу другото, на надлежните власти им раскажала дека Матеј се занимавал со напорна работа (капетан на брод), бил многу амбициозен и за да постигне сè што ќе зацртал користел опи јати“, навел соговорникот.

„Зошто таа веднаш не се јавила во полиција и не кажала дека била во контакт со него, туку чекала да се направи цела анализа на телефонот на Матеј, за судот не е познато“.

Пред да исчезне, 27-годишниот Матеј Периш дури двапати телефонски разговарал со Маја С., девојката од Сплит која според многумина ги има клучните информации за случајот кој веќе повеќе од две недели ја бранува јавноста во целиот регион.

Кобната вечер и таа престојувала во Белград. Матеј и Маја наводно се познавале уште од рано детство и се претпоставува дека Периш сакал нивните две друштва да се спојат во текот на критичната ноќ помеѓу 30-ти и 31-ви декември.

Српските медиуми постојано објавуваат нови моменти од приватниот живот на Маја.

„Интересно е што откако е доведена во врска со исчезнатото момче, таа го избришала профилот на „Инстаграм“, а на „Фејсбук“ ставила црна слика. Ги блокирала сите кои ја прашувале за Матеј и исчезнала од социјалните мрежи. Ова е помалку чудно, ако се земе в предвид дека таа и Матеј се познавале речиси цел живот.

Инаку, нејзиниот роден брат не допатувал со Периш бидејќи се’ уште бил под голем стрес откако им починал другар и не бил расположен за новогодишна прослава“, раскажува извор од Сплит.

Истиот извор вели дека Матеј кој работел како скипер бил вработен токму во фирмите на Маја која е сопственичка на две фирми за транспорт.

Според неофицијални информации, Маја веќе дала исказ во полицијата. Таа, сепак, не зборувала за деталите од нивниот последен разговор, наведувајќи дека поради гласната музика во клубот во кој престојувала многу слабо го слушала Периќ.

Судејќи по објавите на социјалните медиуми, Маја и нејзиниот брат, инаку близок пријател на Матеј, воделе луксузен живот. Хрватскиот портал „Империјал“ наведува дека тие се внуци на шефот на сплитската УДБА кој наводно го поврзувале со убиство на емигранти.

Loading...
Next Post

ГОЛЕМ ХОРОСКОП ЗА ФЕВРУАРИ 2022 ГОДИНА: Еве кој знак ќе биде најсреќен, oчекувајте полн новчаник!

Пари никогаш повеќе, на љубовен план многумина ќе им цветаат рози Февруари е најкраткиот, но според астролозите, највозбудливиот месец оваа година. Ни претстои период на позитивни настани и промени. Ќе имаме можност да напредуваме во бизнисот, да заработиме пари или дури да запознаеме сродна душа. Овен Овој временски период тешко […]