Ова е единствениот политичар што и кажа НЕ на кралицата Елизабета

admin22
loading...

Елизабета Александра Мери Виндзор — кралица на шеснаесет независни држави и нивни прекуморски територии здружени во сојузот наречен Комонвелт. Според Вестминстерскиот статут од 1931 г., таа ги носи круната и владетелската титула на секоја од тие држави посебно и подеднакво; сепак таа е жител и најдиректно вклучена во Велика Британија, нејзиното најстаро кралство, во кое нејзините предци владееле повеќе од 1000 години.

Покрај Обединетото Кралство, Елизабета II е и Кралица и на Канада, Австралија, Нов Зеланд, Јамајка, Барбадос, Бахамите, Гренада, Папуа Нова Гвинеја, Соломонски Острови, Тувалу, Света Луција, Свети Винсент и Гренадините, Антигва и Барбуда, Белиз и Сент Китс и Невис.

Во секоја од овие држави, таа е претставена од Генерален гувернер. 16 земји во кои таа е кралица се познати како кралства на Комонвелтот. Нивното вкупно население брои 129 милиони жители. Теоретски, нејзината моќ е огромна, но во пракса и според конвенциите, таа лично никогаш не се впушта во политички прашања.


Сепак, особено во Велика Британија, позната е по тоа дека е активна во кулоарската политика и во работите на државата, и редовно се среќава на работни средби со министрите од Владата.

Елизабета II држи и низа други позиции, меѓу нив и шеф на Комонвелтот, врховен поглавар на Англиканската црква, војвода од Нормандија, лорд на островот Ман, врховен командант на армијата на Велика Британија, врховен командант на армијата на Канада, врховен адмирал на морнарицата и др.


Елизабета II е еден од најдолго владеачките монарси во историјата, и исто така единствена која е водач на повеќе од една држава истовремено (заедно со претседателот на Франција кој истовремено е и ко-принц на Андора.

Како што некои од колониите на Британскиот Комонвелт (денешен Комонвелт) се здобивале со независност од Велика Британија за време на нејзиното владеење, таа станувала кралица на новопрогласените независни држави.


Иако некои кралскиот живот го замислуваат како живот на принцезите и кралиците од Disney, сепак вистинскиот реален кралски живот на Кралицата Елизабета е доста поразличен.

Неколку интересни факти за Кралицата Елизабета кои веројатно не сте ги знаеле:

Кралицата Елизабета II слави два роденденa. Нејзиниот вистински роденден е на 21 aприл, 1926 година. Но, поради тоа што во aприл во Лондон е многу ладно, роденденот на кралицата државата го прославува некоја сабота во мај или јуни. Таа својот вистински роденден го слави само со својот најблизок круг на пријатели и семејство.

Кралицата има омилен бренд за чанти кој се вика „Launer“ и има над 200 чанти од истиот бренд. Таа ги користи чантите и за да комуницира со персоналот. На пример, ако ја остави чантата на земјата тоа значи дека треба веднаш да ја извадат од непријатна ситуација.

Кралицата има омилена торта, чоколадна торта со бисквити поточно. Секој ден таа јаде по едно парче од тортата. Таа е толку сериозна во оваа рутина што дури зема од истата торта и кога оди на патувања.

Таа е најдолго владејачкиот монарх на Обединетото Кралство. Нејзиното владеење почнало во 1953-та година и трае до ден денес. Таа ја надмина и кралицата Викторија како најдолго владејачки монарх на 9-ти септември 2015 година.

До ден денес, кралицата Елизабета има испратено над 50.000 божиќни картички.

Кралицата Елизабета ги сака кучињата од расата „корги“ до толку многу што за време на нејзиното владеење имала над 30 кучиња од оваа раса. Првото куче од оваа раса, кралското семејство го добило во 1933-та година. Кралицата добила свое куче, кое го нарекло Сузан за нејзиниот 18-ти роденден.

Кралицата не поседува пасош затоа што сите пасоши за граѓаните на Обединетото Кралство се издадени во името на кралицата.

НеПИШAНО правило е поканата од британскиот двор да не биде одбиена, особено ако е испратена од самата кралица.

Сепак, се чини дека поранешниот американски претседател Бил Клинтон го стори токму тоа во 1997 година.

Документите што се чуваат во Националниот архив на Велика Британија откриваат дека Клинтон „планирала учтиво да ја одбие поканата на кралицата“ затоа што тој „рекол дека сака да биде турист и да проба индиска храна“, пренесува „Мој Лондон“.


Клинтон тогаш беше во еднодневна посета на Лондон за да се сретне со Тони Блер, новиот британски премиер, кој ја презеде функцијата четири недели порано. Вечера беше одржана, но новите детали покажуваат дека Клинтон не ја испробал индиската храна што очајно ја посакувал, но се одлучија за специјалитети од француската кујна.

Наводно, оброк за четворица (Клинтон, Блер и сопругите Хилари и Шери) чинел скоро 300 УСД!

Клинтон претходно се состана со кралицата во 1994 и 1995 година.

Loading...
Next Post

Лазар Бараков и кажа збогум на Македонија

Актерот кој сите многу добро го знаеме и со чија глума сите пораснавме. Неговите улоги во Македонските народни приказни го одбележуваат нашето детство. Тој сега е во седмата деценија од животот, но вели дека работата, волјата и продуктивноста се тоа што го одржува неговиот дух млад. Актерот Лазар Бараков повеќе […]