ФОТО Ова е Македонецот од Австралија кој донираше 28.000 долари за малиот Јаков

admin22
loading...

Малиот Јаков од Кочани наместо да се радува како секое мало детенце имаше тежок почеток во животот. Откако поминал две операции потребно е лекување во Истамбул, Турција кое родителите не можат да си го дозволат.


Да се запознае суровоста на животот додека се уште вистински не си го запознал е навистина тажно. Во ваква ситуација е нормално да се запрашате „зошто Боже“, како што се прашува и Елена од Кочани, мајка на малиот Јаков, кој на само 10 месеци го почувствувал најстрашното искушение во животот- борба за здравјето.

За Јаков деновиве се упатуваат апели за помош од финансиски средства, бидејќи по две операции тука, треба да замине на лекување во Истанбул, Турција.


ММС го контактираше семејството Јанакиеви од Кочани, а нивната борба за здравје на синчето не остава никого рамнодушен, напротив нема кој не посакува да му се врати насмевката на 2.5 годишниот Јаков. Мајката Елена ни ја раскажа тешката борба на Јаков и неговото семејство и големата надеж дека се ке биде добро.

-Јаков е роден на 11 март во 2019 година, уште нема 2.5 години. Уште во првата година од животот, место да му се радуваме на ново запче, проодување, роденден, нам ни почнаа страшни маки.


На 10 месеци му се појави тумор или нефрогластома, па поради тоа го изгуби едниот бубрег.Таков тумор вообичаено се појавува кај поголемки деца, на 4-5 годинки, но кај Јаков се случи многу порано, уште бебе, немаше проодено. Го открија така што му се појави деформитет на стомачето. Лежевме во Кочани на детското одделение, бидејќи имаше пневмонија, но тоа било предизвикано токму од туморот.

Тој ги поткревал белодробните крилја и поради тоа правело опструкција. Додека лежевме во Кочани го забележавме деформитетот и лекарката предложи веднаш да се направи ехо. Прво мислеа дека има проблем со црниот дроб, па итно не испратија за Скопје. Лежевме на доенче околу три недели, со интеннзивни испитувања, магнет, компјутер. На ехо се гледаше дека станува збор за проблем на црн дроб, но компјутерот покажа сосема друго.

Поради тоа што на Клиника не се прави кор биопсија, не пратија во приватна клиника. Направивме и очекувавме резултатот побргу да излезе, но резултатот се задржа, бидејќи специфичен бил туморот, вилсов тумор и кај толку мало дете досега не се имало појавено. Препорака од лекарите беше да се реагира веднаш, тумурот беше 14 сантиметри и операцијата беше многу ризична, бидејќи Јаков беше бебе.


Прво се направи хемотерапија за да се намали туморот, беше доста ризично. Моја одлука, како мајка полна со надеж, беше да се оперира во приватна клиника. И се направи операција, а потоа се направи хистопатолошки наод и излезе дека е прв стадиум со среден ризик. По операцијата на секои три месеци одевме на контрола и се беше супер. Овој април повторно бевме на контрола и ништо немаше. Односно тогаш не се виде.

За да сега на 30 јуни кога бевме на нова контрола се напипа и се виде дека на стомачето повторно има проблем. Се виде дека на десната страна дијафрагма е потподигната. Ехо во моментот на Клиника не можеше да се направи, па повторно го однесовме на приватна клиника, каде се виде дека повторно има тумор.


Дека болеста се вратила. Мораше брзо да се реагира и се се случи за две недели, од дијагностицирање до вадење на туморот. Д-р Симеонов и првиот и вториот пат го оперираше и го извади и вториот тумор.

Но, препорака е, кога веќе пак се појави рецидив на болест, подобро да се однесе во странство, затоа што, за жал, малку сме назад со техниките на испитување, кај нас нема петскен за деца. А треба поинвазивна, поагресивна, јака хемотерапија, вели тажно Елена, мајка на Јаков.

Беа покренати повеќе акции по социјалните мрежи за малиот Јаков, но еден човек се издвои по својата великодушност.


Овој човек е Џим Ристевски, австралијанец со македонски корени, кој за неполни два дена успеал да собере преку неговата мрежа на деловни партнери и пријатели приближно 28.000 австралиски долари, за хемотерапија и лечење на двегодишниот Јаков.

Познатиот бизнисмен и филантроп по трет пат со своја иницијатива успеа да ја вклучи заедницата во Австралија за помош.


„Јаков, ти си мал борец, твојата насмевка ги стопи срцата на Австралијаните. Тука, кога сме повторно во локдаун, сите ги отворивме нашите џебови за да помогнеме. Инаку сум татко на три деца и едноставно не можев да замислам да не се вклучам да помогнам“, вели Ристевски кој ѝ е познат на македонската јавност по два претходни хумани гестови.

Во 2016 година, кога се случија големите поплави тој успеа да собере 10.000 австралиски долари за малиот Ведран Велиновски од Крива Паланка, кој ги загуби своите мајка и брат на скопската обиколница.


Лани повторно се јави како организатор на иницијатива за собирање донации во која ја вклучи неговата ќерка Медисон Ристевски, средношколка од Волонгонг, Австралија.

Таа ѝ припаѓа на четврта генерација Австралијци со македонско потекло и изработувајќи средношколски проект, ги заинтригира светот и дијаспората.

Донациите доаѓаа од хумани луѓе од Австралија, Кина, Филипините, Нов Зеланд, Малта, Канада, САД. А беа наменети за реконструкција на Медицинското училиште Д-р Јован Калаузи од Битола, кое беше во очајна состојба.

Ристевски кој е татко на три дечиња и самиот вели дека како родител не можел, а да не му помогне на малиот Јаков.

Loading...
Next Post

„Денес додека одев накај работа забележав дека еден постар човек го напушти банкоматот ...“

Дали ви се случило банкоматот да ви ја “проголта“ картичката и во истиот момент да не знаете што да направите, а парите ви се повеќе од потребни? Или можеби сте ваделе пари од банкомат, парите ви се симнати од сметката, а банкоматот не ви ги исфрлил? Што треба да направите […]