Oва е неговиот наследник – синот на Аки Рахимовски ги следи стапките на својот татко, еве како изгледа ФОТО

admin22
loading...

Пејачот Аки Рахимовски почина денеска, а тажната вест ја сподели групата „Парни Ваљак“ на својот Фејсбук профил.

Тие во објавата наведуваат дека тој засекогаш заспал нивниот пејач кој остави голем траг во музичкиот свет.

Веста за смртта на познатиот пејач ја потврди неговиот менаџер.

– Му се слоши утринава и веднаш беше однесе во болница во Ново Место. Пред еден час ми се јавија дека починал, но уште не ја знаеме причината за смртта – изјави неговиот менаџер Дамир Осредечки за медиумите.

Инаку, Рахимовски е роден во Ниш, но набрзо неговото семејство се пресели во Скопје, каде тој ја започна својата рок кариера, а подоцна, благодарение на неговиот вонсериски глас, е повикан да го прееме микрофонот во Парни ваљак.

Со Парни ваљак со децении ќе ги освојува срцата на публиката, со оваа група ќе сними десетици албуми продадени во стотици илјаден тираж и ќе има стотици и стотици концерти во поранешна Југославија и надвор од земјата.

Се истакнуваше со вонсериски глас и настап на сцената. Аки велеше дека Македонија му беше како втора татковина и често беше гостин во нашата земја.

Беше горд на своите корени. Оствари соработка со бројни македонски музичари, а во 2019 година ја отпеа „Мајко“ на најубав македонски јазик, проект кој го сними во соработка со Игор Атансовски- Харе.

Последен пат во Македонија гостуваше лани, заедно со Дадо Топиќ, како гостин во Битола на концертот „Рок-симфонија“ кој се одржа на Ракометното игралиште.

„Битола ме врати во живот, сите нас нè врати“, изјави пред неговиот настап.

Во текот на 2018 година Аки доживеа мозочен удар, а по неколку месеци вака зборуваше за болеста.

„Сега е се’ во ред, па се гледа по мене. Ги променив животните навики, искрено тешко, но навистина се’ ќе биде во ред“, изјави тој во едно интервју.

Малкумина кој знаат дека неговиот син исто така се занимава со музика.

Кристијан Рахимовски веќе со децении се занимава со музика, а некој негови песни се многу познати во регионот, но како што во една своја прилика изјавил, се уште не го освоил српскиот пазар како тоа што го направиле неговите колеги од Хрватска.

По се изгледа дека легендарниот пејач има свој наследник во иднина, како генетски така и пејачки.

Loading...
Next Post

СИТЕ ГО ВИКАВМЕ АКИ, А малкумина го знаат неговото име: Ова е вистинското име на фронтменот на Парни Ваљак!

Аки Рахимовски, долгогодишниот пејач на „Парни ваљак“, почина денеска на 66 години, објави групата на својата страница на Фејсбук. „На Рахимовски утрово му се слоши, по што почина во болницата во Ново Место“, изјави неговиот менаџер Дамир Осредечки. Рахимовски е роден во Ниш во 1955 година, но пораснал во Скопје, […]