Ова е новата цена на лебот во маркетите!

admin22
loading...

Владата ги остава работниците и граѓаните сами да се снаоѓаат како знаат и умеат во услови на пост-ковид, економска, енергетска и воена криза со која се соочуваат, пишуваат од Сојузот на синдикатите на Македонија во својата најнова објава.

„Во изминатиот период, Владата нема слух за потребите на нејзините работници и граѓани и наместо со навремени и таргетирани мерки, наместо со зголемување на плата да влијае директно на стандардот на работниците и граѓаните, истата одбива да ги зголеми односно усогласи платите на нејзините вработени и во оваа економска и енергетска криза ги остава на работ на егзистенцијата.

Претставниците на Владата од нивните удобни фотељи во климатизираните кабинети гледаат розов свет, за разлика од работниците кои и покрај тоа што работат од ден на ден се сѐ посиромашни поради тоа што инфлацијата изнесува 14,5 отсто, синдикалната минимална кошница за една година е зголемена за 5.498 денари односно за 16 отсто, разликата меѓу просечната нето-плата и синдикалната кошница во 2022 година е 7.384 денари, цената на лебот за една година е зголемена за повеќе од 100 отсто, на маслото за јадење за 94 проценти, на горивата за 64,5 отсто, не електричната енергија за 9,4 отсто, на гасот за 64,6 проценти, а не е намалена на ниту еден производ или енергенс“, се вели во соопштението од Синдикатот.

Натаму, како што нагласуваат, работниците работат, а се сиромашни, не можат да си ги прехранат семејствата, а не ги ценат и не им го вреднуваат трудот, а додека државната каса се полни од даноците кои поради зголемените цени се слеваат во државната каса, работниците и граѓаните се мачат да излезат на крај со енормното поскапување, а зимата уште не е ни блиску.

„Без постоење на реални и оправдани причини, Владата постапува спротивно на Уставот во кои е уредена обврската за почитување на правото, законите и целосно функционирање на правната држава, Владата не постапува согласно Законот за минимална плата, другите закони и владеењето на правото и не обезбеди зголемување односно усогласување на платите за најмалку 2.806 денари на сите вработени во јавниот сектор и на тој начин да го амортизира ударот од ценовните шокови кои ги доживуваат работниците секојдневно“, се вели во соопштението од Синдикатот.

Ржаниот леб вчера достигна вртоглава цена од 93 денари, интегралниот од 84, а белиот на парчиња од 56 денари. Цените се нешто пониски во поголемите маркети, но речиси никаде веќе не може да се најде леб под 50 денари. За една година, за одредени типови на леб, цената скокна за 100 отсто и не застанува тука.

Секој понеделник, граѓаните ги чека нов ценовен шок на рафтовите, но од мелничко-пекарската индустрија се неумоливи. Високите цени ги оправдуваат со поскапувањето на енергенсите и бараат државата да им ги субвенционира компаниите со цените на електричната енергија. Во спротивно, повторно најавуваат поскапувања.

Процедурата во Стопанската комора за одговор на новинарско прашање е толку долга што, додека да се добие, цената на лебот поскапува уште еднаш. Единствени кои реагираат се од Сојузот на синдикатите на Македонија, кои ја обвинуваат владата дека ги остава граѓаните сами да се снаоѓаат како знаат и умеат во услови на пост-ковид, економска, енергетска и воена криза.

Од ССМ се револтирани од одбивањето на владата да се усогласат платите во јавниот сектор со минималната плата, со што, велат, постапуваат спротивно на Уставот и Законот за минимална плата. Сметаат дека, со најмалку 2.806 денари по вработен, ќе се амортизираше ударот од ценовните шокови што ги доживуваат работниците секојдневно.

За 3.400 денари од почетокот на годинава поскапе и потрошувачката синдикална кошница што ги содржи основните прехранбени продукти и пијалаци за едно четиричлено семејство, сметките за комуналии и трошоците за домот, за превоз, за одржување на здравјето, за набавка на неопходните облека и обувки и минимум за култура и рекреација. Во јуни таа изнесуваше 39.710 денари. Ова значи дека, нејзиното полнење е невозможно и со две нови минимални плати од по 18.000 денари.

Само за основните продукти се потребни 17.613 денари. Од другата половина, третина се троши за плаќање на сметките. За другите потреби на семејството, предвидени се ситни пари. На пример, за одржување на здравјето на оние кои имаат примања колку кошничката, им остануваат помалку од 800 денари. А тука ги нема кредитите кои ги отплаќаат огромен број домаќинства.

Во меѓувреме, од владата молчат и не откриваат дали и какви антикризни мерки ќе има наесен.

Loading...
Next Post

До 10 АВГУСТ стигаат парички: Најголема среќа им претстои на овие ТРИ хороскопски знаци

Три хороскопски знаци до 10-ти август ќе имаат големи прилики што се однесува до парите и работата. За овие знаци следат убави вести, не ја пропуштајте шансата! Јарец Веќе на 4 август Јарците ќе добијат креативност така да сите оние кои се занимаваат во врска со естетика, уживање но и […]