Ова е последната желба на Марина Туцаковиќ!

admin22
loading...

Марина Туцаковиќ ја загуби битката по долга и тешка болест на 68 -годишна возраст.

Најпознатата српска текстописец ги помина последните денови во КБЦ Драгиша Мишовиќ, каде што беше префрлена затоа што се разболе во вторникот, 14 септември, кога и ставија апарат за дишење, и беше позитивна на корона вирусот.

Пријателите и соработниците на Туцаковиќ со емотивни посвети се простуваат од неа, а зборовите на нејзиниот долгогодишен другар Марко Џедовиќ ќе ве расплачат.

„Со твоите песни првпат се вљубувавме, првпат се смеевме, првпат тагувавме, во твоите стихови баравме трошка утеха. Остана по последен пат да ти кажеме збогум. Збогум Марина и фала ти за се’“, напиша тој.

Пред неколку дена Туцаковиќ беше итно хоспитализирана. Покрај тешката малигна болест со која се бореше со години, коронавирусот дополнително ѝ го влоши здравјето.

Пред осум месеци таа проговори за ракот. Во таа прилика изјави дека стравува за својот живот, но дека не се предава.

– Многу ми е лошо, постојано лежам. Се плашам.. Тоа е нормално чувство. Мојата борба трае со години, не може да заврши преку ноќ. Постојано ми ја менуваат терапијата, мојот организам можеби повеќе не е доволно силен за сето тоа да го издржи. Ама, не се давам – раскажа таа.

И покрај лошата состојба во која се наоѓаше, Марина откри дека не можела да ги остави цигарите.

– Имам само еден порок. Понекогаш палам. Се’ пробав за да ги оставам, но не оди. Се обидувам да се хранам здраво, пијам сок од аронија и од цвекло – призна Марина.

Таа започнала да пишува текстови за песни на деветнаесет години, главно поп стихови, а подоцна и турбо – фолк нумери – осмислувајќи ги текстовите на песните коишто денес се балкански и светски хитови.

Родена е на 4 ноември 1953 година во Белград. Дипломирала на Економскиот факултет.. Беше во брак со Александар Фута Радуловиќ. Имаа два сина Милан и и Милош кој ненадејно почина во 2008 година. Марина никогаш не се опоравила целосно од тоа, и во една прилика признала дека размислувала за самоубиство.

Туцаковиќ ја започна својата кариера соработувајќи со групата Зана, за којашто го напиша текстот „Додирни ми колена“, кој беше објавен во 1982 година и веднаш стана хит.

Инаку, таа соработуваше со музичари од српското говорно подрачје. Цеца, Драгана Мирковиќ, Јелена Карлеуша, Лепа Брена, Здравко Чолиќ, групата Зана, Тоше Проески, Џеј, Жељко Самарџиќ, Аца Лукас, Саша Матиќ, но и со хрватските ѕвезди Северина, Нина Бадриќ, Масимо Савиќ и Оливер Драгојевиќ.

Како што дознава Eksliziva.ba, последната желба на Марина била да биде погре бана покрај нејзиниот син Милош на Новите гробишта, а не во Алејата на заслужните граѓани.

Да потсетиме, пред 13 години, на 1 декември, Марина го загуби синот Милош Радуловиќ.

Синот на Марина и Александар Фута Радуловиќ ненадејно почина, а Марина само еднаш зборуваше за нејзиниот најболен ден во нејзиниот живот.

Loading...
Next Post

Марина Туцаковиќ патеше по овој пејач, му ги напиша најубавите стихови: Еве како таа зборуваше за нивната тајна врска

Најпознатата музичка aвторка во регионот, Марина Туцаковиќ, поч ина по сериозна бол ест на 67 -годишна возраст. Марина ги напиша најубавите песни за многу познати пејачи, а малкумина знаат дека таа беше во врска со една од нив 4 години. Во седумдесеттите години на минатиот век, Марина беше во љубовна […]