Oва е жената на која Бајага и ги посвети сите песни кои ги има напишано ФОТО

admin22
loading...

СИТЕ ПЕСНИ И ГИ ПОСВЕТИ НА НЕА: Ова е жената која Бајага ја сака 36 години (ФОТО)

Српскиот рокер, познат и омилен и кај македонската публика, Момчило Бајагиќ – Бајага, и неговата сопруга Емилија, важат за стабилна и хармонична двојка.

А нивната љубовна приказна започнала многу романтично , речиси филмски. Тие се запознале во автобус, а Бајага се воодушевил од нејзе. Но сепак Емилија го одбила, а Бајага се разочарал, но не се откажал.

Момчило Бајагиќ Бајага е еден од ретките српски музичари кој својот приватен живот Успева да го задржи далеку од очите на јавноста.

Сопругата на Бајага не се експонира во медиумите, а ретки се и приликите на кои се појавува со сопругот. Можеби и тоа е еден од начините со кои својата љубов ја зачувале 36 години.

Момчило и Емилија се во брак од 1989 г., а пред тоа 7 години живееле заедно. Она што е многу интересно е начинот на кој тие двајца се запознале – тоа се случило во автобус.

– Ема живееше во Земун, а се запознавме во автобус. Во автобусот првпат ја прашав дали сака да излезе со мене во недела, а таа ми рече дека во недела не излегува.

Мене тоа ми беше како ладен туш, бидејќи не ми звучеше логично… Тогаш јас не поставив дополнително прашање, се чувствував утепано. Дури по неколку месеци почнавме да излегуваме, истакнува Бајага во интервју за Новости.

Како што признава тој, сите песни и ги посветил на Ема на која воопшто не и бил лесен товар неговата слава.

– Врската како врска никогаш немаше искушенија, но на Ема не и беше лесно. Кога си јавна личност, секакви работи се појавуваат во медиумите за тебе.

Ема навистина добро ги поднесе , посебни првите години од кога почнавме да се забавуваме, кои беа најлуди години. Ние не можевме да одиме на летување некаде каде што одат сите. Каде и да одевме сите зјапаа во нас. Тоа веројатно им беше интересно.

– Eма живееше во Земун, се запознавме во автобус и веднаш ја прашав дали сака да излезе со мене во недела, а таа ми рече дека не излегува во недела. Мене тоа ми беше знак дека не сака да ме види, оти кој не излегува во недела? – вели пејачот и додава:

Двојката седмогодишната врска ја круниса со брак во 1989 година, а следната година го добија синот Марко, додека осум години подоцна и ќерката Ангела.

Јас не сум од тие типови кои главна фора им беше да зборуваат дека немаат девојка, јас тоа не го сакав. Тоа е најглупаво да го кажуваш, за да трчаат девојки по тебе.

Луѓето треба да те сакаат поради музиката. Да не правев добри песни, немаше да ме сакаат, искрено раскажува Бајага.

Loading...
Next Post

Ова е cecтрата на Игop Џамбазов која повеќе од 20 години не живее во Македонија ФОТО

Игор Џамбазов е постојано активен на социјалните мрежи каде што објавува постови од своите активности, евоцира спомени, се потсетува на убави моменти. Шоуменот се потсети и ја покажа својата сестра Тања Џамбазова која повеќе од 20 години не живее во Македонија. „Не сум само јас штракнат во семејството. Ова е […]