Ова не изгледа добро, вели водечкиот германски вируолог Кристијан Друстен, коментирајќи ја мутацијата на вирусот корона во Велика Британија и некои други земји.
Сепак, шефот на берлинскиот „Шаритеа“ смета дека човештвото не е целосно незаштитено изложено на новата варијанта на вирусот.
Позитивно е тоа што случаите на заболувања со мутиран вирус досега се зголемија само во региони каде што има голем или растечки број на инфекции.
Намалувањето на контактите на тој начин работи против ширењето на мутираниот вирус, нагласи тој во пораката на Twitter.
Претходно, Достен, во интервју за германските медиуми, рече дека претпоставува дека новиот вид на вирус пристигнал во Германија.
Потоа рече дека не е загрижен, но дека сè уште не е познато дали новата варијанта е позаразна од веќе постоечката.
Тој рече дека се поставува прашањето дали некој нов вирус е виновен за забрзаниот раст на бројот на случаи во југо-истокот на Англија, или станува збор за локална епидемија или дали мерките не се доволно строги.
Тој исто така посочи дека изјавите дека овој вид е позаразен за 70% се само тврдења на политичарите.