– Им удоволував на другите, ги ставав на прво место, пред сè и пред себе и се плашев да бидам автентична. Се обидував да бидам некој кој што не сум, исцрпувајќи се работејќи за другите, ја почнува својата исповед Анита Мурџани, која во последната фаза на лимфом паднала во кома, доживувајќи длабоко спознавање а потоа и чудесно излекување.
Во својата книга „Повторно родена“ таа детално го опишува своето искуство и што значи да се живее автентично и без страв. Нејзината порака е дека е нужно сосема силно и со полно срце да се сакаме – себе си.
– Им удоволував на другите, ги ставав на прво место, пред сè и пред себе и се плашев да бидам автентична. Се обидував да бидам некој кој што не сум, исцрпувајќи се работејќи за другите. И секогаш мислев дека е себично да се следат сопствените потреби бидејќи туѓите се поголеми и поважни.
Меѓутоа, кога сум јас реализирана, тогаш сум и поздрава, посреќна, давам повеќе од себе, а помалку ми е потребно за возврат. Исто така ми е јасно и дека ако постојано се обидуваме да бидеме некој кој што не сме, ја лишуваме планетата од нас самите.
Со овие зборови Анита ја започнува својата емотивна исповед за чудесното излекување кое што ѝ донело длабоки спознанија и го променило нејзиниот однос кон животот. Всушност, во месец февруари, во 2006-тата година, Анита била примена во болница во терминална фаза на карциномот.
Таа паднала во кома и нејзините органи започнале да откажуваат. Лекарите му соопштиле на нејзиното семејство дека таа ќе живее само уште неколку часа. Но, она што никој од присутните не знаел, е фактот дека Анита токму тогаш доживеала неверојатно искуство блиско до смртта – near-death experience.
Во таа состојба таа можела да гледа, слуша и чувствува се што сè случувало околу неа. Анита доживеала ретко искуство. Таа преминала на другата страна, како што кажува самата, а потоа се вратила како би го споделила со нас она што таа го научила. Лекарите тоа утро ѝ прогнозирале уште само неколку часа живот, а таа веќе следниот се разбудила. После неколку дена карциномот започнал да се повлекува.
Во интервјуто кое што таа го дала, непретенциозно и помалку шеговито таа го пренесува тоа што го научила од ова нејзино неверојатно искуство: