Павле го прокоментира Апасиев: Лечење на епски комплекси на пониска вредност

admin
loading...

Доцна синоќа, пратеникот и лидер на партијата Левица, Димитар Апасиев, на својот профил на социјалните мрежи, објави што му се случило кога бил запрен од сообраќајна полиција:

„Ноќва возам накај Штип. Ме запира ЏАНДАР, ваљда обучен на курс. Ми вика да дувам и да ми ја тресе колата за “недозволени супстанци”! Му викам, прво да ми се легитимирате, па после. Одбива!?

Ми вика, ќе ти пишам казна 500 ЕУР за одбивање “дување”!? Му викам, господине, ја “дување” никад не одбивам, ама за претрес на пратеник ви треба налог, оти имам уставен имунитет (и му ја давам службената легитимација).

Loading...

Сфаќа дека ја укакал. Дувам – алк охол 0.00. Ми вика слободен си. Му викам јас сум, ама ти не си. Според Правилникот за вршење служба.

Вие сте дожен да се легитимирате по барање на граѓанин и да ми издадете записник за “дувањето”. Ве молам постапете така. Одбива пак!

Пред него вртам 192 и го пријавувам (и он паралелно врти сто телефони). После тоа, лагано си идам у Полициска станица Штип и на записник му поднесувам претставка до Внатрешна контрола на МВР за неприфесионално постапување. Наравоучение: не се ку -рч и, коа не знаеш право!„

Апасиев доби одговор на неговиот статус од многумина. еве што му прокоментира поранешниот пратеник Павле Богоевски:

„Ајде сега збор-два за пратеничкиот имунитет. Пратеникот ужива материјален и формален имунитет. И двата вида се предвидени со чл64 од Уставот.

Материјален имунитет е заштитата од кривично гонење за искажано мислење или глас во Собранието. Тоа значи дека пратеникот не може никогаш да одговара за кажан збор од говорница или гласање во собраниска постапка.

Затоа, никогаш не може да има кривична одговорност за „интонирање на албанска химна од говорница“ – нешто што „некоординираната опозиција“ не пропушта да го побара во секоја можна прилика. Ниту пак, може да има одговорност за гласањето за името – барање кое на димче редовно му ги влажни сништата и подига лајковите.

Формалниот имунитет го штити пратеникот од притвор. Освен ако не е затечен при вршење кривично дело за кое е предвидена казна затвор од мин 5 години, пратеникот не може да биде притворен без Собранието да му го одземе имунитетот.

И, толку. Пратеничкиот имунитет не обезбедува никаква заштита од други оперативно-тактички мерки и истражни дејствија (преглед на лице, превозно сретство и багаж) и не го опфаќа однесувањето надвор од Собранието и собраниската говорница – посебно ако начинот на однесување, или возење укажува дека навистина е потребно да се провери дали возачот е под дејство на алкохол.

Се’ друго е свесна манипулација со правото од позиција на авторитет и лечење на епски комплекси на пониска вредност.

Loading...
Next Post

Ви текнува ли на Натали „Дај му на човекот“? Уште изгледа ТОП и во петтата деценија (ФОТО)

Јавноста ја засака Натали Грубовиќ, под прекарот Натали, кој всушност дојде од Игор Џамбазов, во времето кога заедно водеа Бинго. Цела Македонија го повторуваше она легендарното „Натали, Дај му на човекот“, што Џамбазов го кажуваше на мошне симпатичен начин. Натали Грубовиќ важеше за една од најубавите македонки, ангажирана на многу […]