ПАЗЕТЕ: Се казнуваат Македонците со бугарски пасош – казните НЕ се воопшто мали!

admin22
loading...

Македонци со бугарско државјанство казнети по 1000 лева

Македонските граѓани Г.И. (50) и М.М. (54) се казнети од Окружниот суд во Ќустендил поради давање фалсификувани документи.

Имено, тие сакале да го излажат Министерството за внатрешни работи и дале лажни податоци во декларацијата за да им биде издадена возачка дозвола.

Loading...

И двајцата имаат бугарски пасош и се казнети со по 1000 лева (околу 500 евра), јави Бугарската телеграфска агенција (БТА).

Тие писмено декларирале дека живеат во Бугарија иако и двајцата живеат во Македонија, со цел да добијат важечка возачка дозвола со која ќе возат да работат како шофери во земјите од Европската унија.

Инаку, и покрај тоа што пред извесен период започна истрага за издавањето на државјанство на граѓани кои не се Бугари, се уште многу Македонци поднесуваат документи за пасош. Според извори блиски до бугарските медиуми, Македонците се „привилегирани“ при добивање на бугарски пасош, а своевремено биле ангажирани и преку 100 „медијатори“ кои прибирале документи, обезбедувале фиктивни живеалишта и посредувале пред бугарските институции за да се извадат бараните документи.

Македонците плаќале по 1.000 евра за пасош, додека граѓаните на Косово до 5.000 евра по пасош.

Loading...
Next Post

(ВИДЕО) Силна експлозија во центарот на Мадрид, има починати лица

Силна експлозија одекна во една од зградите во центарот на Мадрид. Експлозијата се случила на улицата Толедо. Се сруши поголемиот дел од зградата во која одекнала експлозијата. Очевидец изјави дека едно лице е под урнатините. Според „Ел Паис“, експлозијата уништила неколку горни ката на зградата лоцирана на улицата Толедо. Најмалку […]