Пepe од Нокаут скршен од болка: Жалам што така брзо си замина толку млад човек

admin22
loading...

Ги паметиме по интересните видео записи “Временска Машина” првиот професионален видео запис снимен во 1997 година, во Белград со режисерот Дејан Миличевиќ, пa соработката со познатото музичко семејство Ковач, на хитот “Телефонскиот број не постои” и на темата “Feel the music” од вториот албум.

Свиреа на иста сцена како предгрупа на Дуран Дуран. Нокаут е бенд кој го слушаат речиси сите генерации, кој остави уникатен уметнички печат во нашата музичка историја.

Покрај богатиот музички опус, на радост на илјадниците обожаватели бендот најавува нови хитови, нов албум, ново музичко патување кое изобилува со љубов, топлина и оптимизам.

Бендот помина турбуленции, го менуваше составот од различни причини, но со секоја промена созреваше, добиваше на квалитет.

Неговиот уметнички лидер, вокал, композитор и продуцент Никола Перевски–Пере вели дека Нокаут е роден како позитивна искра, која трае и никогаш нема да изгасне, како што не може да изгасне вистинската љубов меѓу луѓето.

Пере е роден во Скопје, во 1987 година, а музиката е негова животна определба повеќе од 20 години. Како продуцент, композитор, пејач, инженер на звук и мултиинструменталист тој компонира музика за албуми, реклами и филмови. Има сопствено студио за снимање, миксање, мастеринг и продукција на албуми во разни музички жанрови.

Своето музичко образование го започнал во Нижото музичко училиште во Скопје кога имал само 5 години. Од тогаш музиката не престанува да биде негова главна преокупација.

Средно музичко завршил во МБУЦ “Илија Николовски Луј”, а во моментов студира аудиопродукција на електронска музика и композиција на угледниот САЕ Институт во Барселона, Шпанија.

Како тинејџер бил дел од неколку музички бендови, еден од нив е Аперитив, но клучниот пресврт во неговиот живот го доживува со формирањето на НОКАУТ, во 1997 година. Освен што одлично се снаоѓа во професијата, Пере е и одличен татко.

Никола Перевски – Пере, фронтменот на групата „Нокаут“, напиша емотивна порака по повод за неговиот колега и добар пријател Ацо Богдановски – Конга, кој почина пред осум години.

„Огромна чест што те познавав,што дружев,што соработував со тебе,

што направивме нешто што речиси после 25 години сеуште трае,прераснува во нешто посериозно како идеологија, став на Нокаут,

сеуште го одржувам бендот и вреди Ацо…

а тоа што вреди,секогаш смета и е трн во око…

Tака ми зборуваше тогаш,ама бев многу млад и не те разбирав до крај што сакаше да ми кажеш…

Сега веќе да.

Стари,недостасуваш и знам дека се гледаме на друго место во друго време“, напиша тој.

View this post on Instagram

A post shared by Nikola Perevski (@perrenokaut)

Loading...
Next Post

Овие ТРИ хороскопски знаци стануваат поубави со годините

Не можете, а да не се запрашате како ќе изгледате кога ќе наполните одредена возраст и кога точно ќе дојде вашата пресвртница – од убава само ќе почнете да паѓате. Според астролозите, претставниците на 3-те хороскопски знаци можат да се пофалат дека со текот на годините стануваат се поубави, еквивалентно […]