Петар Поповски: Целата бугарска историја е градена врз фалсификати, со кражби од македонска национална историја

admin22
loading...

ВО ВРЕМЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ ЦАР САМОИЛ НЕ ПОСТОИ ДРЖАВА ПОД ИМЕТО БУГАРИЈА!

Во времето на Македонскиот цар Самоил не постоела држава под името „Бугарија“. Таа, тогаш мала државичка, го носела името “Паристрија“ и тоа име е се’ до 1878 година. Таа земја под името „Бугарија“ започнала да се именува дури по Берлинскиот Конгрес одржан од 13 јуни до 13 јули 1878 година и тоа е историски факт.

До тој период, во ниту еден извор го нема името Бугарија. Едноставно, не постои! Се среќава само во фалсификувани пишани извори создадени по 1878 година, т.е. на крајот од XIX и почетокот на XX век.

Целата бугарска историја е градена врз фалсификати, со кражби од богатата македонска национална историја. Од нејзиниот таканаречен хански период, во време на владеењето на татарските и монголските ханови, нема ниту еден забележлив настан со кој таа земја може да се пофали.

Сите настани и личности се македонски, украдени и присвоени од бугарската псевдо-наука и историографија. Нивните историчари тоа совршено добро го знаат и продолжуваат упорно да ја крадат македонската изворна историја, култура, традиции и цивилизација.

И едно појаснување: државата на Цар Самоил го носела името Склавинија, а не Македонија, иако Цар Самоил владеел во нејзниот централен дел, бидејќи во тоа време веќе постоела држава под името Македонија, т.е. Македонското средновековно царство со престолнина во Константинопол.

Современик на Цар Самоил му бил Македонскиот император Василиј II Македонски кој ги ослепел Самоиловите наемни војски составени од Татари, за што имало и многу горка причина.

Бугарите, сакале или не сакале, еден ден ќе се соочат со вистината за сите грабежи.

Пишува: Д-р Петар Поповски, познат историчар, научник, истражувач и публицист

Loading...
Next Post

УТРЕ ЗАСАДЕТЕ СИ БОЖИКНА ПЧЕНИЦА: Еве зошто ја садиме и кога да ставиме свеќа

Раѓањето на Исус Христос е празник кој се прославува во домот со семејството, како и одењето на црквените богослужби. Покрај сите обичаи, собирањето на семејството околу богатата трпеза е главен настан. Задолжително се пали кандило и се крши лепчето. Но, на масата има уште еден голем симбол на најрадосниот христијански […]