Петре Шилегов: Од Ali Express Градоначалник не бидува

admin22
loading...

Петре Шилегов целиот свој мандат го мина со навреди кон граѓаните, невидена ароганција и расправии со пожарникарите. За шест месеци, градоначалничката Арсовска и Град Скопје инвестираа во човечкиот и инфраструктурниот потенцијал на противпожарната бригада колку што за четири години не направил ниту еден претходен градоначалник.

Кога станува збор за неодговорноста и неспособноста да не заборавиме додека Скопје го живееше 80 часовниот карантин, а населбите Жданец, Нерези и Трндол во среде пандемија остана без вода за пиење поради неспособното раководство на скопски Водовод поставено токму од Шилегов.

Поранешната претседателка на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева треба да одговори на јавноста колку седници на советнички прашања одржа како претседател на Совет и на колку од нив присуствувал Петре Шилегов и колку пати Љубица Јанчева го прекршила Деловникот за работа на Советот?

Срамно е кога советничката Љубица Јанчева говори дека Градот Скопје и градоначалничката Арсовска не реализираат ништо, кога и самата во Советот ги гласа одлуките за реализација на проектите и програмите кои се во интерес на граѓаните.

Советничката од СДСМ Љубица Јанчева изгледа очајно кога зборува за успешност, кога претходното градско раководство може да се пофали само со јадење бифтеци и трошење на народните пари.

Граѓаните на Скопје јасно се изјаснија кој е недомаќин и најнеуспешен градоначалник и кој сакаат да го води Градот.

Почитувани секој обид да се наштети на угледот на Град Скопје е на штета на скопјани.

Пред малку на својот фејсбук профил се огласи поранешниот градоначалник на град Скопје и неговиот статус ви го пренесуваме во целост:

Од Ali Express Градоначалник не бидува:

Почитувана (нит моја и верувајте нит било чија) градоначалничка (со мало г) г-ѓо Арсовска:

Од не знам кои причини, заради Вашата денешна глупост, ме споменувате во Вашата реакција (а јас, заради нашиот ГРАД упорно ги премолчувам Вашите глупости и Ви молчам 6 месеци). Епа еве вака Ali Express girl:

Од Ali Express градоначалник(чка) не бива. Уште помалку се бира …

Секој со својот избор (и последиците од него) !

П.С. за протоколот (и надлежната) 😉: 26-ти Јули е ден за протокол во Скопје. Тажен, но е ден. Се викаат делегации, семејства, збратимени градови, Влада, НОВИНАРИ …

Ама не можам се’ да ве учам. Како што Ви кажав: од Ali Express 😉 градончалник (чка) не бидува. Џабе се трудите . Толку Ви е нивото. Еве нема да ги спомнам паметот и способноста …

Живеј, Ali Express …

Loading...
Next Post

До 20-ти JУНИ невидена среќа за овие три знака на Зодијакот!

Среќата ги чека 3 хороскопски знаци додека Сонцето е во Близнаци – од 20 мај до 20 јуни тие ќе бидат победници на животот! Сонцето влегува во знакот Близнаци21. мај и ќе остане во него до 21 јуни 2022 година. Владеењето на Близнаците е моќен период, иако претставува двојност и […]