По денешниот хаос со сообраќајот во Скопје и критиките се огласи и градоначалничката Данела Арсовска

admin22
loading...

Попладнево, сообраќајот во Скопје беше блокиран од колони возила речиси три часа.

Сообраќајната полиција го регулираше сообраќајот додека семафорите беа исклучени на дел од крстосниците, а возилата стоеја во место и по еден час.

Автобусите од градскиот превоз беа заглавени во метежот, а нервозните патници се јавуваа по неколку пати дома да кажат дека едноставно како да стојат во место.

Од станицата каде поминува автобусот со број „5“ кај АМСМ, до Рекорд, се патуваше 30 минути, и уште дополнителни 20 до Олимписки базен. ДО последната станица, сообраќајот малку се растовари по станицата ај Т.Ц. „Скопјанка“.

Во сообраќајкниот метеж беа заглавени и повеќе возила на брзата помош, кои не можеа брзо да ги однесат болните или да стигнат до нив.

Центарот за управување со кризи на Скопје соопшти дека попладнево на повеќето сообраќајници е забележан поголем метеж на возила.

Дополнително, на крстосницата кај трговскиот центар „Мавровка“ се случи и сообраќајна незгода во која учествуваа пет возила, а четири лица беа повредени.

Многумина реагираа и на социјалните мрежи, споредувајќи го метежот со оној во Бангладеш, а некои реагираа и на плановите за изградба на висококатници кај „Холидеј ин“. Ако вака изгледа сообраќајот сега, како ќе изгледа кога таму ќе се вселат илјадници граѓани?, со право прашуваат скопјани.

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска реагираше по повод денешниот сообраќаен хаос во градот во попладневните часови. Според неа, да се исклучат семафори без најава со часови за да се направи сообраќаен хаос е крајно несериозно.

-Сообраќајот е ист како и други денови и нема основа објаснувањето дека дождот е причината за денешната слика од улиците во Скопје каде со часови патуваа до своите домови.

Градот Скопје ќе побара објаснување од МВР за причината за предизвикување на денешниот сообраќаен хаос, потенцира Арсовска.

Денеска скопјани беа огорчени поради тоа речиси три часа Скопје беше блокирано со колони возила кои стоеја во место речиси еден час.

Семафорите на дел од крстосниците беа исклучени, а сообраќајот го регулираше сообраќајна полиција.

На раскрсницата кај трговскиот центар „Мавровка“ попладнево се случи и сообраќајна незгода во која четири лица се повредени. Во сообраќајната незгода учествувале пет возила, сите со скопски таблички, потврдија од МВР.

Loading...
Next Post

Погледнете како изгледа денес сопругата на трагично загинaтиoт македонски претседател Борис Трајковски (ФОТО)

Борис Трајковски по неговото заминување од овој свет стана омилен политичар на многумина. Тој покрај неговите храбри изјави кон Западот, важеше и за политичар близок до народот. Борис Трајковски е роден во Струмица, на 25 јуни 1956 година а животот за жал го заврши во Мостар, Босна и Херцеговина пред […]