По веста дека 40 Македонци биле избркани од грчки хотел се огласија од агенција ЈК травел! ОВА Е ВИСТИНАТА

admin22
loading...

Хотелот „Gerakini Sitonia vilage“ денес им го прекинал одморот на десет семејства од Македонија (семејства со деца), поради нерасчистени сметки со агенцијата преку која патувале. Имено семејствата си имале уплатено цел престој, а агенцијата ги немала уплатено целосно средствата на хотелот.

Моментално луѓето со мали деца се пред хотелот и немаат каде да ја поминат ноќта.

– „Оставени сме на улица тука околу 40 души. Исто така на доаѓање две семејства со мали деца беа оставени една ноќ сами да се снаоѓаат на улица поради нерегуларна работа на агенцијата.“

е огласи и агенцијата која вели дека станува збор за недоразбирање.

„Не им се откажани аранжманите. Се работи за недоразбирање. Туристите ќе спијат во хотелот не само вечерва туку до крајот на одморот до недела. Никој не беше исфрлен туку таква порака добиле од менаџментот на хотелот.“

Неколку медиуми објавија дека Хотелот „Геракини Ситонија вилиџ“ на Халкидик, Грција, им го прекинал одморот на 12 семејства од Македонија поради нерасчистени сметки со агенцијата преку која го уплатиле осумдневниот аранжман, по што следеше реакција од „ЈК Травел“.

„Ве информираме дека гостите кој се сместени во Хотел Олеа Гарден се во своите соби и продолжуваат со својот одмор како што и првично имаа резервирано и уплатено.

Станува збор за непроверена информација која произлезе од кратко недоразбирање.

Во ниеден момент никој од нив не беше оставен на улица и не остана никој без сместување.

Ова го тврдиме најодговорно.

Сите гости остануваат во хотелот во кој имаа уплатено за својот одмор. Истото можат да го потврдат и гостите кои се сместени во горе неведениот сместувачки капацитет. И самиот хотел се очекува во најбрз временски период да испрати официјален допис со кој ќе ја демантира оваа невистина.

ЈК Травел е агенција која постои 16 години, а задоволството на нашите клиенти секогаш било и ќе остане приоритет во нашето работење“, се вели во нивното соопштение.

Loading...
Next Post

Еве од кого ја наследила убавината: Вака изгледа мајката на Зулејха ФОТО

Важи за една од најубавите актерки во Турција. Со самото појавување на филмското платно предизвика огромно внимание, а посебно со улогата на Зулејха во серијата „Горка земја“. Хилал Алтинбилек е навистина олицетворение на убавина и талент. Се појави во неколку серии, но ликот на Зулејха и ја донесе целата слава. […]