Погледнете како изгледа денес сопругата на трагично загинaтиoт македонски претседател Борис Трајковски (ФОТО)

admin22
loading...

Борис Трајковски по неговото заминување од овој свет стана омилен политичар на многумина. Тој покрај неговите храбри изјави кон Западот, важеше и за политичар близок до народот.

Борис Трајковски е роден во Струмица, на 25 јуни 1956 година а животот за жал го заврши во Мостар, Босна и Херцеговина пред точно 15 години на 26 февруари 2004. Тој беше македонски политичар и втор претседател на Македонија, од 15 декември 1999 година до 26 февруари 2004 година.

Траjковски дипломираше на Правниот факултет во Скопје во 1980 година, специјализираше деловно право и право на работни односи.

До 1997 година беше раководител на правната служба на градежното претпријатие „Слобода“ од Скопје, од 1997 до 1998 година беше шеф на Кабинетот на градоначалникот на Општина Кисела Вода – Скопје, а од 21 декември 1998 година стана заменик министер за надворешни работи на Република Македонија во десно-центристичката влада предводена од Љупчо Георгиевски.

Траjковски исто така беше претседател на Комисијата за надворешно – политички односи на ВМРО-ДПМНЕ, главен политички советник за надворешна политика на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, член на Претседателството на невладината организација Паневропско движење за Република Македонија, член на меѓународната конференција: “Решавање на конфликти” со седиште во Атланта, САД, учествувал на многубројни меѓународни конференции со тема решавање на конфликти, религиозна толеранција, религиозна слобода, а беше и претседател на младината на Обединетата методистичка црква во поранешна Југославија повеќе од 12 години.

За претседател на Република Македонија беше избран на претседателските избори во 1999 година.

Трајковски го з аг уби животот во авионска не cp еќа во близина на Мостар, Босна и Херцеговина. Целата јавност беше во неверување по оваа случка, а многумина и сега се сеќаваат на неговиот позитивен дух.

– Мојата визија е да создадеме општество засновано на демократија, владеење на правото и слободна пазарна економија и конечно да создадеме општество засновано на доверба“, зборувал Трајковски во неговото последно интервју.

Трајковски беше семеен човек и мнгоу ги вреднуваше семејните вредности. Тој беше посветен татко на Стефан и на ќерката Сара, а неговата сопруга Вилма не се експонираше многу во јавноста.

Кога се случи немилиот настан, Стефан и Сара, двете деца кои ги имаа со сопругата Вилма, беа малолетни и не беа многу присутни во јавноста.

Особено по неговото заминување, Вилма со децата уште толку се повлекоа од медиумите и никој не знаеше многу за нивниот животен пат, ниту пак како изгледаат пораснатите деца на некогашниот претседател.

Трајковска е основач на ВИТРА, непрофитна и невладина фондација формирана во 2001-та година со цел да ја афирмира жената и нејзината улога за сестран развој на општеството.

Таа исто така е основач на меѓународната фондација „Борис Трајковски“.

Денес, по подолго време, Трајковска се појави во јавност, на доделувањето на стипендиите „Борис Трајковски“. Фотографии од манифестацијата и соодветен статус, сподели Министерката за Образование, Мила Царовска.

-Им честитам на добитниците на стипендијата ,,Борис Трајковски” и им посакувам успешна понатамошна образовна надградба на пан-европската програма од втор циклус на Сити Колеџот во Солун во соработка со британскиот Универзитет Јорк и францускиот Универзитет Стразбур.

Овие студии се одлична можност нашите граѓани да се стекнат со личен и професионален развој на реномирани меѓународни Универзитети и понатаму да придонесуваат за општествениот и економскиот раст и развој на државата.

Договорите за стипендиите, кои се доделуваат, во чест на претседателот Борис Трајковски, им ги врачивме денеска на стипендистите, заедно со претседателот на државата Стево Пендаровски и директорот на Сити Колеџот во Солун, Јанис Верверидис, напиша Царовска на својот профил на социјалните мрежи и сподели фотографии од настанот.

Loading...
Next Post

Ја закопал сопругата, а таа му ДОШЛА на врата по 15 дена: Човекот доживеал ШОК, не можел да се соземе!

Сопругата пристигна дома доста лута Мутијала Гадаја го пог реба телото на својата сопруга Гиријама (70) на 15 мај, за која се веруваше дека починала од Ковид во болница во Андра Прадеш, Индија. Тој во солзи се прости од сопругата, а две недели по пог ребот, семејството одржа панихида. Следниот […]