После долга пауза денес се огласи Никола Груевски и упати моќна порака до секој човек во земјата и дијаспората

admin22
loading...

Минаа речиси 23 години од моментот кога Никола Груевски стапна на политичката сцена во Македонија како министер за трговија во првата влада на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Љубчо Георгиевски во 1998.

Тој бил министер за финансии во владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Љубчо Георгиевски од 1998 до 2002 година, претседател на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ од мај 2003 до декември 2017 година и претседател на владата на Република Македонија од 26 август 2006 до 18 јануари 2016 година.

Со унгарски привремен пасош изваден од дипломатско претставништво во Тирана, Никола Груевски пред 3 години премина на легален начин во Црна Гора, Србија и Унгарија. Патувал непречено затоа што по него не била распишана меѓународна потерница.

На 13-ти ноември Груевски на Фејсбук соопшти дека се наоѓа во Унгарија и дека побарал азил.

Ниту денеска нема наоди и информации дали тој имал логистичка помош во Македонија при подготовките за неговото бегство.

Во предвечерието на 31-от роденден на ВМРО-ДПМНЕ, како нејзин поранешен долгогодишен водач низ мноштво победи и успеси, на сите членови на партијата им го честитам партискиот роденден.

ВМРО-ДПМНЕ низ годините, од нејзиното основање беше носител на најголемите општествени и економски промени, реформи и напредоци на Македонија.

181.000 членови колку што броеше партијата при моето заминување од кормилото на истата беа носители на тие промени и напредоци, без чија поддршка тие немаше да се случат.

Силата на ВМРО-ДПМНЕ е всушност нејзиното членство кое заедно со симпатизерите и поддржувачите на нејзините политики и со помош на коалициските партнери во изминатите 31 година беа носителите на идејата за независност, носители на промените, реформите, успесите и напредокот на Македонија, но и силата која беше на браникот на одбраната на Македонија низ многу тешки моменти.

Денес кога Македонија е под реж имот на една ма фијашка власт која економски ја врати Македонија децении назад, која го контролира правосудството и ја диктира неговата работа во најситни детали од тоа кој да биде прогонуван до тоа кога и на каков начин тоа да се објави и пласира на јавноста преку мноштвото контролирани медиуми, кога националните интереси се на распродажба и кога криминалот и рекетот се главната водилка на власта, од најголем интерес за Македонија е силно и моќно ВМРО-ДПМНЕ.

А силата е во секој член на партијата, во секој активист, во секој поддржувач и во секој човек во земјата и дијаспората кој сака многу поуспешна и попросперитетна Македонија.

Да живее ВМРО-ДПМНЕ!

Да живее Македонија!

Loading...
Next Post

Заев искрен: Во 1999 година ја променив верата

За македонскиот јазик и идентитет не разговараме и воопшто не е на маса. Разговараме за португалскиот предлог којшто доаѓа од Португалија како претседавач со Европскиот совет што апсолутно води грижа за нашиот македонски јазик и македонски идентитет и истовремено води грижа и за бугарските позиции, изјави денес премиерот Зоран Заев […]