Последниот број во вашата година на раѓање одредува сè: Нумеролозите откриваат каква иднина ве чека!

admin22
loading...

Судбината ни е одредена од самото раѓање, велат нумеролозите

Годината во која сме родени игра значајна улога во нашите животи, а најзначајна е последната цифра. Врз основа на тоа, нумеролозите тврдат дека можеме да го одредиме карактерот, судбината и патот што животот ни ги наменил.

Секој број има соодветен елемент, а тоа се Метал, Оган, Земја, Дрво и Вода.

На пример: ако сте родени во 1987 година, вашиот број е 7, а неговиот елемент е Оган.

Еве какво значење има секој број…

Броеви 0 и 1 – Метал
Овие луѓе имаат силен карактер и многу се отпорни. Имаат слободен дух, но резервирани се, бидејќи сакаат да живеат по свое. Копнеат да живеат во доследност и љубов. Точно знаат што сакаат и ќе направат сè за да ги остварат своите цели и амбиции, а на тој пат ги следи голема среќа. На овие луѓе им е судено да остваруваат големи работи во животот.

Броеви 2 и 3 – Вода

Луѓето родени под елементот Вода, покажуваат сочувствителност и емпатија кон другите луѓе. Поседуваат одлична имагинација и снаодливост, што ги прави успешни говорници, лидери и мотивациски тренери. Имаат добар инстинкт и одлично забележуваат детали, што често им помага да се извлечат и од најтешки ситуации.

Броеви 4 и 5 – Дрво

Луѓето родени под овој елемент се самоуверени и внимателни. Оригинални се, сакаат нови искуства и сонуваат да го откријат светот околу себе полн со мистерии и бизарности. Никогаш не се себични и егоистични. Тие се родени авантуристи, па никогаш не им е здодевно. Омилени се во друштвото и уживаат во вниманието што го добиваат. Овие луѓе се родени за да внесуваат радост во туѓите животи.

Броеви 6 и 7 – Оган

Родените под елементот Оган сонуваат за патувања околу светот, а ако вложат малку напор, оваа желба лесно ќе им се оствари. Имаат навика пребрзо да влетуваат во работите. Љубезни се и природни, знаат како да ги привлечат луѓето и да ја придобијат нивната доверба. Родени се за преофесии што вклучуваат патувања и контакт со луѓе.

Броеви 8 и 9 – Земја

Овие луѓе се доверливи и одлучни. Разумно ќе ја разгледаат секоја задача и никогаш нема да дејствуваат непромислено. Сакаат дисциплина и ред и го живеат животот според својот план. Стравот од непознатото е нивниот најголем страв. Тие речиси никогаш не излегуваат од удобната зона и сè прават според одреден ред во животот. Кај нив, сè мора да биде под конец. Тие се авторитативни, па родени се за лидерски позиции.

Loading...
Next Post

Вечен календар: Дознајте што вели судбината за вас

Во минатото книгата наречена „Вечен календар“ можела да се најде во речиси секоја куќа, поради многубројните толкувања кои во себе ги содржела, кои им биле потребни на луѓето за одредување на бериќетната година, предвидување на свадбените веселби и слично. Во овој народен хороскоп луѓето се делат само по месецот во […]