Потресно сведоштво на двајца од преживеаните патници – Проговорија како спасувале жива глава

admin22
loading...

Според нашите информации, имало двајца возачи во опожарениот автобус, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на прес-конференција.

Во однос на возраста на загинатите патници, Спасовски додаде дека имало 12 деца, но потенцира дека се чека извештајот од бугарските власти, по кој ќе го објават целосниот идентитет и градовите од каде што доаѓаат жртвите.

-Првично мора да заврши анализата во Судската медицина на Бугарија и да се изврши идентификација, па после тоа ќе се организира транспортот на телата, додаде Спасовски.

Министерството за транспорт и врски работи на утврдување на сите причини за настанувањето на не среќата. Превозникот до МТВ доставил барање на 18.07.2018 година за добивање на лиценца за вршење меѓународен превоз на патници.

Доставена е целокупната документација со што се исполнети условите и е издадена лиценцата. Доставена е уредна документација за извршено технички спецификации за возилата. Доставени е и список на возачи, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Тој истакна дека превозникот не го пријавил возилото кое ноќеска беше опожарено во Бугарија

-Превозникот до овој момент има уредна лиценца за меѓународен превоз на патници. Во рамки на свои надлежности министерството издава лиценца како и извод од лиценца за меѓународен превоз на патници за секое возило поединечно. Констатираме дека возилото не било пријавено од страна на превозникот и поради тоа возилото го нема во електронската база на Министерството за транспорт и врски.

Согласно овој член од законот превозникот е должен не покасно од 15 дена да го извести министерството за сите промени односно пријавување на возило или возач, рече Бочварски.

Токму единствениот Србин е еден од седумината преживеани кој е сместен во болница, а истиот е од Прешево и со својата сакана од Куманово биле на патување во Истанбул.

Токму ова момче денес беше посетено и од српските власти чив амбасадор сподели фотка и испрати порака.

Српскиот амбасадор во Бугарија, Жељко Јовиќ го посетил во болница српскиот државјанин Љуљзим Сулејмани, кој утрово бил по вреден во автобуска нес реќа кај Софија.

-И покрај пов редата, помогна во евакуацијата на патниците! Добро се чувствува, редовно ќе го посетуваме, се наведува во соопштението на Амбасадата, објавено на Твитер.

Вечерва екипа на Алсат ТВ влезе во болницата и направи кратко интервју со двајца од преживеаните.

Тоа беше токму Љуљзим и неговата избраничка Медина која е од Сопот во Куманово. Тие раскажаа дека биле на претпоследното седиште, каде за среќа Лулезим бил буден и свесен во моментот на нес реќата гледајќи се со свои очи.

Тој вели дека откако изб увнал пож арот во автобусот, успеал да го скр ши страничното стакло на автобусот, со што ја испружил раката и ја повлекол со себе својата свршеница која може да се забележи дека има по вреди на рацете.

Loading...
Next Post

Сведоштво од преживеан: Автобусот удри првин со десната страна во банкината, па потоа...

Седуммината преживеани на страшната автобуска несреќа во Бугарија се во стабилна, но многу тешка психичка состојба, соопшти бугарскиот Јавен обвинител откако ги посетил пациентите кои во моментот се хоспитализирани во софиската Клиничка болница. Сѐ уште се работи на терен за утврдување на причините, но во тек е и распрашувањето на […]