ПОТВРДЕНА НОВА ПОДВАРИЈАНТА НА ОМИКРОН: Уште побрзо се шири, доколку ги забележите овие СИМПТОМИ веднаш обратете се на лекар

admin22
loading...

Уште кај првата Омикрон варијанта БА.1 знаевме дека е многу позаразна од претходните соеви на коронавирусот. Сега доаѓа подваријантата БА.2, со неа во првите десет дена од јануари во Велика Британија се инфицирале најмалку 400 луѓе. Во меѓувреме, новата подваријанта е регистрирана во преку 40 земји.

Најголем број потврдени случаи има во Данска

Според номенклатурата ПАНГО, која ги бележи инфекциите со САРС-КоВ-2, Данска е најсилно погодена земја од новата подваријанта, таму се регистрирани 79 % од досега официјално потврдените случаи.

Loading...

Потоа следат Велика БРинаија (6 %), Индија (5%), Шведска (2%) и Сингапур (2%). Мора притоа да се додаде дека детекцијата на подваријантата зависи и од способноста на одделни здравствени системи да вршат секвенционирање на ПЦР тестовите.

Уште не е јасна опасноста од Омикрон БА.2

Молскавичното ширење на новата подваријанта укажува на тоа дека таа може да е уште поинфективна од првата варијанта Омикрон. Британската здравствена служба ја класифицираше БА.2 како „варијанта која се набљудува“.

„Во природата на вирусите е тие да се размножуваат и притоа да мутираат. Оттаму, може да се очекува и натаму да се создаваат нови варијанти, сѐ додека трае пандемијата“, изјави Мира Чанд, директор на одделот за посебни случаи во Британската здравствена служба.

Тоа што постојано се врши и испитување на наследниот материјал на вирусите на примероци по случаен избор, овозможува тие брзо да се идентификуваат и да се оцени дали мутациите се опасни.

Откако во четвртокот во Словенија беа потврдени два случаи на нова подваријанта на вирусот омикрон, наречена БА.2, истата подваријанта сега е откриена и во Хрватска.

Како што соопшти Хрватскиот завод за јавно здравје, потврдени се пет нови случаи на зараза со варијанта БА.2.

Споменатата подваријанта веќе е забележана во Данска и нејзините карактеристики не се истражени и се уште се јасни, но според некои податоци не предизвикува посилни симптоми, пишуваат словенечките медиуми.

Најмалку 400 луѓе се заразиле со подтипот BA.2 во ОК во првите десет дена од јануари. Постоењето на новиот подвид е веќе докажано во повеќе од 40 земји, особено во Данска, Британија, Индија, Шведска и Сингапур.

Експертите велат дека варијантата БА.2 не е причина за паника и дека нема индикации дека предизвикува потешки симпто ми или полесно се шири од оригиналниот вид на омикрон.

Британската агенција за здравствена безбедност минатата недела објави извештај во кој се наведува дека сегашните вакцини штитат и од BA.2 како и од оригиналната варијанта.

Научниците не се изненадени од подвидот омикрон и велат дека тоа било очекувано бидејќи околу половина од светската популација сè уште не е вакцинирана против коронавирус.

Главните симптоми на Омикрон се:

непрестајна кашлица;

треска, односно висока температура;

губење или промена на мирисот или вкусот.

Сепак, истражувачите кои ги собраа впечатоците и искуствата на стотици илјади луѓе кои се заразиле со коронавирусот сугерираат дека првите пет симптоми се слични на обичната настинка:

течење на носот;

главоболка;

замор (благ или тежок);

кивавица;

воспалено грло.

Loading...
Next Post

ЛЕПА БРЕНА ИСКРЕНО ЗА БРАКОТ: Би се развела од Боба само во оваа ситуација!

Брена и нејзиното сопруг Боба Живојиновиќ одлучиле да ја продадат луксузната куќа на Бежаниска коса по цена од два милиони долари. Семејството Живојиновиќ веќе долго живее во оваа убава и голема куќа, но сега таа станала преголема за Брена и Боба, по што тие се договориле да си купат помала […]