Пред малку се огласи Христијан Мицкоски и ги изненади сите членови – Најави оставка ако се случи ОВА!

admin22
loading...

Човек не може да ги скрие позитивните емоции кога ќе биде присутен на еден ваков настан кога овде во спортски Бутел, во Љубанци пуштаме вакво игралиште кое има европски лик.

Очекувам многу деца во периодот што следи да го користат истото и да прераснат во врвни спортисти овде од Љубанци кои ќе ја промовираат нашата Македонија надвор. Затоа што нема поголем промотор за една држава од спортистот, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на Љубанци.

Бутел е носител на олимписко сребро, за нас значајно како злато и се надевам дека на следните олимписки игри нема да се задржи на тој сребрен медал туку ќе одиме на златен, зошто по уште, еден бронзен, сребрен и златен медал итн.

Loading...

-Навистина делува сето ова прекрасно, благодарност до градежната компанија Жикол која во најголем дел го донираше ова спортско игралиште овде во Љубанци во општина Бутел да има ваков изглед и се надевам дека и останатиот дел од општествено одговорните компании во Македонија ќе го следат примерот на оваа компанија.

Ќе напоменам уште еднаш дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ градат и ги поттикнуваат компаниите да бидат општествено одговорни и да донираат во средината, за разлика од власта којашто упорно само краде и не ја интересира ниту општествената одговорност, ниту ја интересира добробитот на населението во Македонија.

Додека некој работи посветено за граѓаните, некој од тие граѓани краде упорно, но не за долго. За кратко од денеска ќе има одговорност за секој кој се огрешил пред законот. Јас ветувам за тоа, нагласи Мицкоски.

Ако некој од ВМРО-ДПМНЕ гласа и под овие услови се промени Уставот, тогаш јас ќе си заминам и ќе ја напуштам политиката, изјави денеска партискиот лидер, Христијан Мицкоски.

Коментирајќи ги најавите за отворање нов бугарски клуб во земјава, Мицкоски истакна дека провокациите ќе продолжат. На прашањето за новиот документ што го изнесе бугарскиот технички министер за надвореши работи и за текот на разговорите меѓу Северна Македонија и Бугарија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ одговори дека целокупниот процес е предаванички и калкулантски, а македонската дипломатија капитулираше.

-Тоа е нок-даун за македонската дипломатија. Предупредував дека ќе се случуваат нови и нови барања од страна на Бугарија. Тука ќе предупредам на еден процес што се обидува да го води власта – „што да правиме, Европа така не тера“. Тоа не е точно.

Европа не не тера. Не смееме да потпаднеме на таа провокација. Европа има чесни намери, ги отворила вратите за Македонија, јас верувам во тие чесни намери, но знам кој има нечесни намери – Владата во Софија и оваа наша некреидбилна и корумпирана власт, а единствената цел е асимилација на македонскиот народ, односно бугаризација. Тоа не е европеизација, посочи Мицкоски.

Според него, непроменливоста на Уставот е првиот браник.

-Иако од власта ќе продолжат со притисоците и со изјавите дека имало пратеници од раководството. Нема такви. Тука сакам да ја затворам таа тема – по цена на мојата професионална и политичка кариера, такви луѓе нема, јас гарантирам. Ако гласа некој, ќе си заминам, ќе ја напуштам политиката и никогаш повеќе нема да се занимавам со политика ако јас додека сум претседател, под овие услови биде променет Уставот, подвлече Мицкоски.

Во врска со провокациите тој е дециден дека ќе продолжат, посебно сега кога во Бугарија има избори.

-Провокациите ќе продолжат додека овие луѓе се таму. Имајќи предвид дека во Бугарија сега се избори, ќе гледаме уште многу такви провокации, а нашите ќе молчат и ќе викаат „во Бугарија се избори и затоа е така“, рече Мицкоски.

Тој уште еднаш повтори дека државата оди во амбис и затоа, рече, се потребни предвремени избори.

Loading...
Next Post

Свадба по сите обичаи: Се омажи Марија Груевска, ЕДНА работа ги шокираше гостите (ФОТО)

Се омажи пејачката Марија Груевска… Младата пејачка Марија Груевска се омажи за своето момче Синиша Стојаноски во еден манастир во близина на Битола. Покрај роднините и пријателите на свадбената церемонија присуствуваа и многу пејачи и колеги на Марија од „Ѕвездите на Гранд“. Вчера започна свадбата на Марија Груевска и Синиша […]