Пред малку се огласи министерката Тренчевска и соопшти многу убави вести за сите негувателки кои штрајкуваа!

admin22
loading...

Вработените во градинките ќе добијат цели плати за периодот на штрајкот. Ова е епилогот по последната средба меѓу СОНК и труд и социјална политика.

Сите страни одлучија дека штрајкот е затворен и маратонските преговори завршија. Вработените од претшколска возраст можат да здивнат, ќе добијат цела плата.

Од СОНК објаснија дека спорна била исплатата на дневниците во детските градинки кои штрајкуваа, но со измената на Колективниот договор, регулирано е и ова право на вработените да биде регулирани, зашто не било во ред да им се скрати платата.

Денеска го заокруживме процесот на преговори во однос на барањата на СОНК кон МТСП. Она што беше како спорно, исплатата на дневници на вработените во градинките кои штрајкуваа, денеска со измена на колективниот договор во тој дел го регулиравме и тоа право на вработените.

Сметавме дека од разни причини се дискриминирани, не беше во ред ним да им се скрати од палтата. Сметам дека покрај оние договорени 15% и отпочнување преговори за нов колективен договор, овој процес на штрајk и преговори со МТСП e затворен, рече Неделков.

Парите ќе ги добијат деновиве откако измените на актуелниот колективен договор ќе излезат во службен весник, соопшти ресорната министерка Тренчевска.

Истите измени се регулирани и со новиот Колективен договор кој ќе биде готов до крајот на месецов.

„Веднаш по 24 мај започнуваме со работните групи кои што се веќе дефинирани и формирани од двете страни и до крајот на месецот ќе го донесеме новиот колективен договор. Измените на колективниот договор се испратени до Службен весник. Очекуваме денес или утре да бидат објавени и штом се случи тоа ќе се пристапи кон исплата на платите.“- Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика.

Првиот синдикалец на просветарите Јаким Неделков и официјално обзнани дека со денешната средба заврши преговарањето и нема да има реактивирање на штрајкот.

„Министерството за труд и социјала, пред се министерката, имаа разбирање за тоа што го баравме. Го усогласивме и овој дел и сметам дека во целост, покрај оние договорени 15% покачување и отпочнување на процесот за нов колективен договор, сметам дека во целост овој процес на штрајк и преговори со МТСП конечно е затворен.- Јаким Неделков, претседател на СОНК.

Пред три дена синдикатот и Министерството за образование се договорија платите во образовниот сектор да се зголемат за 15%. Во моментов се подготвува Спогодбата, чиј текст претходно треба да го разгледа и одобри Советот на СОНК.

Министерката Јованка Тренчевска по средбата изјави дека до крајот на мај ќе биде донесен новиот Колективен договор којшто ќе значи дополнителни права на вработените во детските градинки.

Платите за негувателките ќе бидат исплатени откако одлуката ќе помине во Службен весник.

Тренчевска појасни дека овие измени и дополнувања на Колективниот договор се испратени во „Службен весник“, и оти се очекува денеска или утре да бидат објавени.

Затоа е изменет и дополнет Колективниот договор и тука е регулиран начинот на исплата на платите за време на штрајк и придонесите од плати и согласно овие измени ќе бидат исплатени платите за месец април 2022 година, истакна Тренчевска.

Инаку СОНК веќе постигна договор со образование за 15% зголемување со септемвриската и уште 3,4% со јануарската плата.

Синдикатот договорил и да учествува во креирањето на буџетот за следната година. Ќе се преговара и за постојан раст на платите во корелација со растот на БДП и инфлацијата која во април се искаци на 10,5%.

Loading...
Next Post

Крешник Бектеши пред малку соопшти убави вести поврзани со ефтината тарифа на струја!

Министерот за економија, Крешник Бектеши информира дека во моментов се разгледуваат сите опции – дали треба да се продолжи кризната состојба или не, а меѓу другото, додаде и дека Министерството за економија предлага да нема дирекно замрзнување на цените, за кое вчера и премиерот Ковачевски посочи оти не е одржливо […]