Пред малку се огласи Сања Лукаревска – Еве кога ќе се реши проблемот со скенирање сметки со апликацијата МОЈ ДДВ!

admin22
loading...

Ажурирањето на апликацијата МојДДВ, кое трае подолго од очекуваното, предизвика нервоза кај граѓаните. Дел од нив се загрижени зашто не успеале да ги скенираат сметките.

Други на социјалните мрежи објаснуваат како да се скенира сметка додека трае ажурирањето. Но сите се согласни дека многу време апликацијата е надвор од функција, а на нивните сметки ќе им помине рокот за скенирање.

Управата за јавни приходи, откако соопшти дека станува збор за ажурирање на апликацијата и објасни како можат да се скенираат сметките, сега молчи и не кажува кога ќе профункционира „МојДДВ“.

– Редовно скенирам сметки и во изминатиот период добивав добри суми поврат, бидејќи главно се трудам да купувам македонски производи каде што повратот е 20 отсто. Скенирам и моментално, без да знам дека се работи на апликацијата и требало нешто да сменам. Не знам дали она што го скенирав досега ќе биде признаено. Тогаш зошто може да се скенира, ако не требало тогаш требало да не исклучат – вели Магдалена. А. од Скопје.

И за повозрасните е проблем да се вклучат на апликацијата, па најчесто одат во УЈП да ги скенираат сметките.

– Одам во УЈП за таму да ги скенирам сметките бидејќи ние постарите не ги знаеме финтите на компјутерите, а сакаме да учествуваме во оваа програма на УЈП. По сонцево е тешко да се оди, но гледам да не им истече рокот од 10 дена на сметките – вели повозрасна жена.

Некои граѓани сè уште се борат со сметките дадени во одделни трговски објекти кои не можат да се секираат.

– Купував поскапи работи во еден трговски објект и кога се обидов да ја скенирам сметката се изненадив, бидејќи не можеше да се скенира. Истото ми се случи и на бензиска пумпа и во продавница за мебел. Дали тоа значи дека трговците се обидуваат да затаат нешто – прашува граѓанин од Скопје.

Од Управата за јавни приходи, до која испративме прашања за разјаснување на сите дилеми на граѓаните, веќе втор ден нема никаков одговор. Минатата недела оттаму информираа дека апликацијата ќе биде во функција до крајот на неделата и дека преку дел од мобилните телефони и сега може да се скенираат сметки.

Претходно појаснија дека, додека трае ажурирањето и приспособувањето, граѓаните ќе можат да ги скенираат фискалните сметки, ако во мобилната апликација во делот „профил“, во прозорчето „тип на баркод скенер“, каде што сега стои „напреден“ да ја изберат опцијата „основен“. Фискалните сметки што не може да се скенираат преку опцијата „основен“, може да се скенираат на киосците и баркод читачите што се поставени во просториите на Управата за јавни приходи.

Повратот на ДДВ за граѓаните е воведен на 1 јули 2019 година со Закон за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица. А во текот на годините од неговата примена се менуваше процентот на повратен ДДВ за граѓаните.

Моментно за купени македонски производи се враќа 20 отсто од платениот ДДВ, а за стока од странско потекло, 10 отсто од платениот ДДВ. Граѓаните треба да ги скенираат сметките во рок од 10 дена од денот на нивно издавање.

„По три години неопходни се промени во апликацијата МојДДВ бидејќи имаме огромен број корисници.

Ажурирањето е завршено за корисниците на ‘Хуваеи’ и ‘Ајфон’ и тие може да ја преземат новата верзија, додека од ‘Плеј стор’ се уште немаме повратна информација кога новата верзија ќе биде ставена во оптек“ изјави директорката на УЈП, Сања Лукаревска во „Жешко политичко лето“ на Канал 5.

Таа додаде дека апликацијата има нови правила, политика на приватност, како и огромен број корисници поради што се одолговлекува процесот за проверки.

„Овие правила не зависат од нас како институција, туку од тимот што го уредува системот. Очекуваме во најскоро време тоа да биде надминато. Во меѓувреме како алтернатива корисниците може да ги користат баркод читачите, скенерите во сите подрачни единици на УЈП“ рече Лукаревска.

Таа додаде дека апликацијата МојДДВ помага во делот на сузбивање на сивата економија со тоа што граѓаните бараат повеќе фискални сметки на местата каде што пазарат, но истакна дека треба да се вложат повеќе други делови од општеството и сите инспекциски служби за да се избориме со сивата економија.

Loading...
Next Post

КОНЕЧНО УБАВИ ВЕСТИ - Апликацијата МОЈ ДДВ работи но само за овие корисници!

„Антикризните мерки ќе бидат навремени бидејќи се следи ситуацијата, наплатата и капацитетите на државата. Навремено ќе информираме и навремено ќе бидат имплементирани мерките. Ова не е спринт да го истрчаме набрзина, туку маратон“ изјави директорката на УЈП, Сања Лукаревска во „Жешко политичко лето“ на Канал 5. Таа додаде дека со […]