ПРЕМИЕРНО: Султан Сулејман и Истанбулската невеста заедно во нова хит турска серија „Бабил“

admin22
loading...

“Бабил“ е нова турска серија која моментлно се снима епизода по епизода и која неодамна почна да се прикажува во Турција, а од 17ти почна да се прикажува и во соседна Грција.

Станува збор за една скандалозна драма во која познат Турски професор Ифран заминува во САД за да почне нов живот и да најде начин за да го излекува својот болен син. Неговиот живот почнува да се распаѓа по низата лоши настани кои му се случуваат.

Истовремено, тој е протеран од Универзитетот во Турција, банкарските сметки му се затворени и не може да ги извади заработените пари. Исто така забрането му е да ја напушти државата, па тој нелегално пробува да влезе во САД.

Серијата е очигледена преплетка на државните службеници кои се отпуштени од своите работни места со донесувањето на претседателски декрети во двегодишното вонредно владеење по неуспешниот обид на Турција за пуч во 2016 година.

Турската влада тврдела дека неуспешниот обид за пуч од 16 јули 2016 година бил диригиран од страна на движењето Гулен, кога биле отпуштени или суспендирани 150.000 државни службеници, додека уапсени биле повеќе од 77.000 луѓе поради врски со исламистичките групи.

Повеќето отпуштени јавни службеници во Турција се обвинети од владата за врски со исламистичката група која е определена за терористичка организација, но многумина припаѓале на други опозициски групи.

Многу од отпуштените државни службеници во Турција не се соочиле со никакви службени обвиненија, но декретите против нив останале во нивните службени записи, оставајќи ги обележани, поради што тие често пати не можат да најдат работа во приватниот сектор или да добиваат јавни придобивки.

Кога оваа серија ќе почне да се емитува кај нас останува да видиме.

Loading...
Next Post

СРЕЌЕН МЕСЕЦ: Хороскопски знаци кои ќе имаат многу ПАРИ во ЈАНУАРИ 2021!

ОВЕН Јануари ќе биде интересен и важен месец за вас во однос на финансиите. Решавање на различни документи поврзани со пари или од друга финансиска природа ќе има важни импликации за вашиот дом или семејството. Ќе добиете пари од државата или суд, од продажба, изнајмување… Ќе очекувате нова можност за […]