Првото вапцано јајце има волшебна моќ: Еве што треба да направите!

admin22
loading...

Велики четврток е ден кога се фарбаат велигденските јајца. Сега се наоѓаме во средината на Страдалната седмица, седмица која е полна со важни настани за спасението на човекот.

Главен обичај што се изведува на овој ден и со посебно внимание е вапцувањето на велигденските јајца. Според обичајот најпрвин се вапцувале три јајца, а потоа и другите. Се верува дека првото јајце било наменето на Господ и се викало Господово јајце, второто на домаќинот – главата на семејството, а третото на стоката и бериќетот.

За првото јајце се верува дека има магична моќ, па затоа неговото место е под иконата. Во народните преданија се вели дека со него се лекуваат одредени болести.

Сепак и во вапсувањето јајца, како и во сите други нешта што се работат, секогаш е најважна добрата мисла. Така, штом излезат првите сончеви зраци на Величетврток, домаќинката или кој било што ги вапсува јајцата ги буди најблиските и со првото јајце им поминува по лицата со зборовите „црвено, бело, дебело“!

Црвената боја има симболика на победа. Нејзиното значење на овој голем Христијански празник е дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта. Црвената боја ја претставува божјата сила и моќ, а воедно ја симболизира и христовата крв, која Исус ја пролеал на крстот за спасение на сите луѓе на земјава. Така, бојата на јајцето нѐ потсетува на крвта христова и спасението.

Црвените јајца во христијанството се симбол на воскресението Христово и на самиот празник Велигден. Формата го претставува гробот на Христос – како што од јајцето излегува живот кога ќе се испили, така од гробот излегол Исус Христос.

Особено повеќе обичаи и верувања се поврзани со јајцето првак за кое се верува дека има волшебна моќ. Тоа подоцна стои пред иконата, со него се враќа облак, се лекуваат болести кај луѓето и стоката, тоа заштитува од пожар, гром и слично.

Јајцата ги вапцува домаќинката рано наутро пред да изгрее сонцето, зашто се верувало дека ако тоа се направело подоцна јајцата ќе се засмрдат. Вапцани пред да ги види сонцето, овие јајца, особено првакот, не се расипуваат и по неколку години.

Кога ги вапцува јајцата домаќинката мора да има нешто јадено или да има каснато барем еден залак леб, зашто ако тоа го прави на гладно срце, јајцето може да ја разбие, да се разболи или да е несреќна, а и таа ако го разбие тоа ќе ја загуби магиската моќ.

Насекаде во Македонија, на Велики четврток, рано пред изгрејсонце, првото јајце се става во сито и се обесува на дирекот од куќата или на друго место спроти сонце за да го видат првите сончеви зраци. Во некои краишта во ситото ставаат едно во други две или три јајца.

Исто така, во некои краишта во ситото ставале и жито, некаде и срп за богат бериќет или сукало. Ситото било покривано со црвен машки појас или со друга ткаенина но секогаш со црвена боја.

По вапсувањето на јајцата, но пак рано пред изгрејсонце, домаќинката го земала јајцето првак и на децата, уште додека биле во постела, им минувала три пати по лицето зборувајќи: „Црвено, бело, дебело“ или: „Црвено бело здраво и живо“, што значи да се дебели како јајцето, но и црвени во образите, што е ознака за здравје и напредок.

Првото вапцано јајце во домаќинството се нарекува чуваркуќа, бидејќи како што самото име говори, ја чува куќата и домашните од болести и секакво зло.

Мајките ги тријат децата со тоа јајце по образите и рамената за да бидат румени и здрави.

Првото црвено јајце се чува до икона, до следниот Велигден. Кога следната година ќе бојадисаме ново јајце, старото се пушта низ река, за водата да го однесе злото, болестите, целата несреќа кое првото јајце цела година ги собирало наместо домашните.

Другин обичаи кажуваат дека првото велигденско јајце од лани, треба да го закопате во земја. Пожелно е во близина да има насадено цвеќе, но не мора.

Она што не треба да го направите е старото црвено јајце полно со негативна енергија да го чувате и понатаму во домот.

Loading...
Next Post

Maсло за јадење во маркетите ќе има но еве по која ЦЕНА ќе се продава!

Министрите за економија и за земјоделство, Крешник Бектеши и Љупчо Николовски денеска соопштија дека снабдувањето со сончоглед е стабилно и дека државата во континуитет увезува сурово масло, потребно за домашните каацитети, но има и зејтин за потрошувачка. Како што истакнаа Бектеши и Николовски по посетата на фабриката „Кристал” во Велес, […]