Путин си ја отвори душата: Моето семејство позајмуваше пари од соседите

admin22
loading...

Путин тоа го изјавил гостувајќи во јубилејното издание на ТВ дневникот на „Времја“.

Рускиот претседател Владимир Путин, вчера изјавил дека неговите родители пред 50 години морале понекогаш да позајмуваат пари од други луѓе, но дека сепак можеле да си дозволат телевизор, на кој гледале хокеј натпревари на Советскиот тим.

Путин тоа го изјавил гостувајќи во јубилејното издание на ТВ дневникот на „Времја“, кој на Првиот канал на руската државна телевизија почнал да се емитува пред 50 години.

„Не бевме богати, но имавме телевизор, како и нашите соседи. Моите родители живееја од плата до плата и понекогаш позајмуваа пари од други луѓе, но сепак можеа да си дозволат да купат телевизор“, рекол Путин одговарајќи на прашањето за старите ТВ емисии кои уште ги памти.

Рускиот претседател додал дека членовите на неговото семејство не гледале често телевизија.

„Мојата мајка навиваше за Советскиот тим и се сеќавам дека обично тоа го гледавме заедно“, рекол Путин.

На прашањето која ТВ емисија најмногу му се допаѓала пред 50 години, шефот на руската држава одговорил дека еден од највпечатливите настани е од периодот кон крајот на 60-тите години, односно летот на суперсоничниот авион „Ту-144“.

„Изгледаше како нешто фантастично, всушност и беше. Но, тогаш тоа беше и нешто незамисливо“, објаснил рускиот претседател.

Тој ги споменал и „извонредните спортски настани“ и познатата серија натпревари во хокеј на мраз во 1972-та година меѓу Советскиот Сојуз и Канада.

Loading...
Next Post

Татко се разбудил и не го видел бебето во креветче: се шокирал кога дознал каде е најдено

Таткото се разбудил во 7 часот и тогаш забележал дека го нема бебето ниту во креветчето ниту во куќата и веднаш пријавил во полиција. Драмата почнала околу седум часот вчера утро кога Жељко З. (28) и Јасмина Н. (35) го пријавија исчезнувањето на нивното осуммесечно бебе во полиција. Жената рекла […]