Рама: Попишете се, од тоа зависи уставната моќ на Албанците во Македонија (ВИДЕО)

admin22
loading...

Албанскиот премиер Еди Рама објави видеопорака на „Фејсбук“ во која ги повикува Албанците да учествуваат во пописот во Македонија.

Рама истакна дека само пет минути се доволни за регистрација, а со тоа се чини многу, бидејќи уставната моќ на Албанците во Македонија ќе се процени врз основа на попишаниот број.

„Браќа и сестри Албанци, денес треба да бидете горди на тоа колку напредувавте во своите права во пријателска земја. Доволно е да погледнете наназад само неколку години и да видите какви чекори презедовме за афирмација на правата во таа република.

Loading...

Никој од вас, без разлика каде се наоѓа не треба да се откаже, не треба да биде отсутен. Знаете подобро од кој било дека уставната моќ и одлучувањето на таа земја зависи од бројот на албански граѓани во Македонија. Вие не треба да земете пушка и да се качите на планина или да земете лопата, туку да потрошите само пет минути“, порача Рама.

Loading...
Next Post

Вирологот Ана Глигиќ се заразила со Ковид 19 два дена по ревакцинацијата: „Не можев да застанам на нозе“

Српскиот угледен виролог Ана Глигиќ, два дена после ревакцинацијата се заразила со коронавирус. Во моментов се лекува дома, закрепнува и како што сама вели, се поклонува до под во знак на благодарност на сите лекари и медиински сестри што е жива. „Се ревакинирав во четвртокот, а веќе во понеделникот почувствував […]