Жестока реакција на Владата по одбиената понуда за 2500 денари покачување на платите од СОНК

admin22
loading...

Генералниот штрајк на СОНК продолжува и утре. Понудата на Владата за зголемување на платите за 10% не ја прифаќаат, бидејќи како што велат приближно толку е и инфлацијата 8, 8 %, па многу лесно ќе го „стопи ‘ овој процент.

„Советот на СОНК расправаше денеска, а врз основа на изјаснувањето на повеќе од 500 синдикални организации на СОНК од овие дејности или над 95% се изјаснија за отфрлање на дадената усна понуда“, вели Јаким Неделков, претседател на СОНК.

Слична ваква ситуација имаше и во периодот од 2002-2006 година кога беше на власт СДСМ, велат од ВМРО- ДМПНЕ обвинувајќи за состојбата во образованието, во знак на поддршка на просветните работници.

„Ова што се случува во Република Македонија во однос на просветниот сектор и сите оние протести со кои го креваат гласот просветните работници и сите оние кои ја описменуваат нацијата не е ништо случајно и не е ништо случајно секогаш кога СДСМ е на власт“, вели Димче Арсовски.

Во интерес на учениците и нивниот образовен процес, наставата мора да продолжи да се одвива непречено – порачуваат од СДСМ.

„Нарушување на наставата може негативно да се одрази врз учениците и воспитно – образовниот процес. Отсуството од наставата може да доведе до пролонгирање на школската година, негативно да влијае врз уписите, како и врз полагањето на стручен испит за околу 500 наставници“, вели Ненад Коциќ.

Од СОНК реагираат за како што велат несериозниот пристап на надлежните за двомесечните преговори без одговор и предлог на писмените барања. Понудата од 10% според нив не кореспондира со висисната на зголемувањето на минималната плата.

Нема стимулација за враќање на достоинството во професијата. Едно од најважните прашања е усогласување на платите по Колективниот договор за коишто се подготвени да се прави со динамика од 2 години.

Неодговорно е децата и понатаму да останат без настава, кога Владата во време на економска и енергетска криза понуди покачување на платите за 2.500 денари, велат од Владата, откако попладнево Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) ја одби понудата и најави дека штрајкот ќе продолжи и од утре.

„Синдикатот треба да има верба во институциите, бидејќи и претходно низ партнерски дијалог беше постигнато зголемување на платите на наставниците и на вработените во градинките од 21%. Со ова зголемување платата на наставник/чка во основно образование е порасната за над 3.200 денари плус минат труд и сега е најмалку 24.786 денари.

На наставник/чка во средно образование зголемувањето е над 4.300 денари плус минат труд и просечно платата е 25.874 денари. На воспитувачите пак во градинките платата им е зголемена за околу 6.400 денари плус минат труд, додека на негувателите за околу 5.000 денари“, велат од Владата.

Од Владата велат дека е неодговорно и покрај понуденото решение за раст на платите во образованието и детската заштита и воспитание за 10 отсто, да се продолжи со штрајкот и да се руши веќе воспоставениот образовен процес во услови кога се соочуваме со економска и здравствена криза.

„Најдобриот интерес на децата треба да ни е на прво место, бидејќи правото на образование на секое дете е уставно загрантирано право. Учениците треба да се вратат во училиштата, таму каде што припаѓаат.

Со продолжувањето на штрајкот и одбивањето на понудата на Владата со која се отвора простор за трајно решавање и подобрување на стандардот на вработените во образованите, ризикот за продолжување на училишната година е особено извесен.

Во овој контекст, несериозно е да се ставаат во ризик и да им се прави штета во личниот развој на децата кои треба да го продолжат образованието, да се запишат во средните училишта, да полагаат матура и да се запишат на факултетите во земјава и странство“, додаваат од Владата.

Од Владата објаснуваат дека согласно Законот за работни односи и Колективниот договор за основно и средно образование, и за вработените во јавните установи за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, на вработените кои штрајкуваат ќе им се исплатат само придонесите на платите.

Ова произлегува од одлуката на СОНК да организира и одржува генерален штрајк за унапредување на правата на работниците, а во периодот од шест месеци од донесувањето односно зголемувањето на минималната плата.

Законската обврска за усогласувањето е шест месеци од донесувањето, односно зголемувањето на минималната плата и Владата, а министерствата и СОНК сѐ уште преговараат во овој законски предвиден рок.

Децата и учениците треба да ни се на прво место, затоа нарушувањето на образовниот процес е спротивно на правата загарантирани со Уставот и Законите. Местото на учениците е во училиштата и настава мора да има, истакнуваат од Владата.

Loading...
Next Post

Само еден знак на Зодијакот ќе се израдува утре на пари од „небо“!

Прочитајте го дневниот хороскоп за 18 април! Овен Почетокот на неделата носи стрес, обврските кои сте ги запоставиле сега доаѓаат „на плаќање“, но нема причина за паника. Во спротивно, вие сте многу добро организирани и лесно ќе го решите овој проблем. Главата ви е во облаци, сонувате за невозвратена љубов. […]