Ременски првпат проговори за пријателството со Боки 13 – Ги обожаваше моите домашни чварки

admin22
loading...

Фросина Ташевска Ременски е македонски политичар и поранешен министер за труд и социјална политика на Македонија која периодо повторно стана актуелна со нејзината кандидатура за прв човек на СДСМ.

Фросина Ременски вели дека би било коректно претседателот во заминување Зоран Заев да ги поздрави трите кандидатури, а на тајното гласање на 12 декември да го заокружи својот фаворит.

„Сите активни членови кои имаат право да гласаат за предложените кандидати тоа ќе го направат на тајно гласање. Тоа што претседателот Заев на новинарско прашање одговори за неговата поддршка, тој всушност јавно кажа како ќе гласа.

Јас очекувам Заев да ги поздрави и кандидатурите на сите тројца кандидати за оваа внатрепартиска трка. Секое наметнување од врвот на какво било решение во изминатиот период се покажа како непродуктивно и се плашам дека со таков еден став и пристап нема да им се помогне на членовите, независно дали се однесува за мене, за Деспотовски или за Ковачевски.

Секако, лидерот е лидер, но фактот што тој одлучил да замине од таа позиција му дава за право да има симпатии или афинитет кон некого, но тоа коректно е да го направи на тајно гласање, затоа што може погрешно да се наведе или да рефлектира непринципиелен однос во оваа битка која што ја квалификуваме како демократска“, вели Ременски за „360 степени“ и додава дека многумина била изненадени од нејзината кандидатура, а очекува истите да доживеат уште поголемо изненадување и од резултатите.

Јас добив подршка од многу сегашни и поранешни функционери, но најмногу сакам да ја акцентирам поддршката од искрените членови и борци, а посебно младите и жените.

Ова во изјава за „Фокус“ го истакна кандидатката за претседателка на СДСМ, Фросина Ременски на прашањето дали досега добила поддршка од некои сегашни или поранешни функционери на СДСМ.

-Можам да се пофалам со нивните имиња и авторитети, некој од нив ќе бидат и мои најблиски соработници, но тоа не оди во прилог на обединувањето, туку дополнително поттикнува дебати за “табори, крила, ветени резултати, непринципиелни игри, притисоци кон членството” и разединување на членството кое треба да гласа во недела.

Јас сакам во недела да биде ченет и гласан мојот авторитет, придонес и визија за партијата, а не резултатите на министри, вели Ременски за „Фокус“.

Таа смета дека поддршката од членството на тајно гладање е најважна и верува дека веќе знаат кој на која патека и за каква трка и реформа го позиционира СДСМ.

Ременски е родена во Крива Паланка. Дипломирала на институтот за социологија при Филозофскиот факултет во Скопје каде магистрирала и докторирала, а од 2012 година работела на втора докторска дисертација од областа на безбедноста.

Работела како професор во средно училиште и асистент на институтот за социологија, од октомври 2004 година до јуни 2007 година и како асистент на полициската академија во Скопје, а од ноември 2012 година била избрана за вонреден професор на Факултетот за безбедност.

Ременски важеше за добра пријателка на Бојан Јовановски или попознат како Боки 13 за кого проговори и откри како се запознале.

„Јас го запознавам Боки 13 додека бев Министер за труд и социјала во техничакта влада. Тој доаѓа во министерството да се заблагодари што не сум дозволила неговата мајка да остане на улица и без работа, тоа се случи во 2016 година“, изјави Фросина Ременски во емисијата во Центар и додаде:

„Јас му носев чварки на Бојан Јовановски бидејќи сакаше да јаде чварки и тоа е нормално бидејќи јас сум домаќинка“.

Loading...
Next Post

Огромна тага во домот на Сара Мејс и Димитар Атанасовски - Водителот скршен од болка

Пејачката и харфистка Сара Костадиновска попозната како Сара Мејс и водителот и маркетинг шеф Димитар Атанасовски се секако една од најпознатите македонски брачни двојки, кои имаат јавна професија. Нивната прва официјална средба била во емисијата „Тротоар“. Сара била гостинка, а Димитар домаќин на шоуто. Почнале да излегуваат години подоцна, за […]