САРА ГО ПРЕЛЕЖА ДЕЛТА СОЈОТ, А СЕГА Е ЗАРАЗЕНА СО ОМИКРОН: Ги спореди симптомите, и откри една важна работа!

admin22
loading...

Австралија најверојатно се приближува до врвот на бранот на коронавирус, во кој доминира омикрон варијантата, соопштија денеска властите, но предупредија дека дневниот број на заразени ќе остане блиску до рекордните нивоа и „во следните неколку недели“, откако се евидентирани повеќе од 100.000 случаи четврти ден по ред.


Австралија претходно го ограничуваше ширењето на вирусот со строги рестриктивни мерки, а сега бележи рекордни бројки и има најголем број заразени во светот на дневна основа.

Повеќето земји имаат усвоено стратегија на живеење со вирусот, откако е постигната висока стапка на вакцинациja


Годинава се регистрирани повеќе од 1,2 милиони случаи, додека во 2020 и 2021 година имало вкупно 200.000 случаи

– Сè уште не сме завршиле со тоа и мислам дека сè уште ќе има голем број дијагностицирани случаи во Австралија во текот на следните неколку недели, изјави пред новинарите главниот советник за здравство на австралиската влада, Пол Кели.

Сепак, движењето на инфекцијата во некои држави „ме наведува да верувам дека сме блиску до врвот на овој бран во однос на случаите“, рече тој.

Бројот на заразени се намали во последните три дена, додека растот на хоспитализираните во најтешко погодениот Нов Јужен Велс, најнаселената држава во Австралија, малку забави, покажуваат официјалните бројки.


Повеќето држави се борат со рекорден број на болнички приеми, а властите велат дека невакцинираните млади луѓе сочинуваат „значителен дел“ од хоспитализираните во Австралија.

– Гледаме епидемија на невакцинирани меѓу младите луѓе, тоа го гледаме и кај приемите на интензивна нега, рече Кели.


Австралија е меѓу земјите со најголем процент на вакцинирани против Ковид-19. Повеќе од 92 отсто од Австралијците постари од 16 години примиле две дози од вакцината.

Медицинска сестра која по втор пат се бори со Ковид открива како симптомите на делта и омикрон се разликуваат од нејзиното искуство.


Сара Крокер (25) е медицинска сестра од Австралија, која првпат се заразила со Ковид-19 во март 2020 година, кога патувала со авион од Лондон за Австралија.

Кога дошла дома, била изолирана 17 дена во куќата на нејзината мајка, додека не почнала да добива негативни резултати на тестовите.


Оваа медицинска сестра беше заразена со Ковид по втор пат минатата недела, откако вирусот првпат беше потврден кај еден од нејзините цимери.

Сара ги информирала сите на работа и се изолирала, а подоцна било утврдено дека и таа го има вирусот, најверојатно варијантата омикрон.


Во споредба со првата инфекција во 2020 година, тој вели дека во тоа време болеста вклучувала „големи проблеми со дишењето и ужасен замор“. „Понекогаш немав ни сила да станам да се истуширам“, се сеќава таа.

Инаку, Сара редовно тренира, трча и се подготвува за полумаратонот кога и се слоши пред две години, а потоа и се појавија симптоми на долготраен ковид.

„Ми требаше долго време да се вратам на трчањето – дури и да се качувам по скали или угорнина беше многу тешко. Сега е многу подобро, но има денови кога сум уморна. Порано тоа се случуваше на секои четири или пет недели, а сега секој неколку месеци“.


Медицинската сестра вели дека нејзините симптоми сега се значително различни од првиот пат кога имала корона. Сега, вели таа, е „прилично уморна“, но симптомите се повеќе слични на настинка – затнат нос, болки во грлото и кашлица.

„Минатиот пат немаше кашлица. Не знам дали омикрон е помалку агресивен или разликата е во тоа што сега имаме вакцини.

Примив три дози и овој пат е многу полесно. Вакцината си ја заврши работата во смисла што намали сериозноста на болеста“, вели Сара.

Loading...
Next Post

Девојката со која го имал последниот разговор ја решава мистеријата со исчезнувањето на момчето од Сплит?

Во потрагата по исчезнатиот Матеј Периш од Сплит се вклучени единиците на српското МВР. Инспекторите досега успеале да утврдат каде се движел Периш во критичната ноќ, но не и зошто. „Се обидуваат да откријат зошто Матеј, одненадеж, без јакна и сам, излегол од клубот Готик, во кој бил со пријателите. […]