Сашо Мацановски Трендо влегува во трка за градоначалник на Центар?

admin22
loading...

Во Центар, од предложените кандидати од страна на членството на СДСМ, тројца веќе поднесоа документи.


Прв е актуелниот градоначалник Саша Богдановиќ, потоа директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ, како и директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Бухова.

Нема податок дали кандидатури поднесоа и Емилијан Станковиќ и Горан Герасимовски, директорот на Државниот завод за индустриска сопственост и претседател на општинската организација на СДСМ на Центар, за кои извори за „А1он“ брифираат дека им било кажано дека внатрепартиските анкети ќе покажат кој ќе добие поддршка.


Внатрепартиските анкети во СДСМ го стеснија кругот за избор на кандидати за градоначалници. Извори од партијата брифираат дека многумина, кои главно се самокандидирале, веќе отпаднале.

Од седумтемина кандидати за градоначалник на општина Центар, по партиското гласање, фаворити се тројца, актуелниот градоначалник Саша Богдановиќ, претседателот на општинската организација во Центар на СДСМ, Горан Герасимовски, и директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Иринка Сотирова-Бухова.


Водителот Сашо Мацаноивски Трендо најверојатно ќе влезе во тргата за градоначалник на Општина Центар на следните локални избори, објави Скопје инфо.

Неофицијално тој е помеѓу кандидатите кои имале највисок рејтинг помеѓу потенцијалните кандидати за градоначалници кои ги правела опозициската ВМРО ДПМНЕ.


Освен Трендо, како потенцијален кандидат за оваа позиција се споменува и доктор – специјалист кој високо котира во опозициските партиски редови.

Од друга страна пак извори од СДСМ велат дека и таму интензивно се води партиската битка за кандидат за градоначалник, како најсериозни кандидати се споменуваат актуелниот градоначалник Богдановиќ, но и поранешениот пратеник Емилијан Станковиќ.


Актуелниот градоначалник Богдановиќ го завршува првиот мандат, претходно на оваа позиција беа Андреј Жерновски, Владимир Тодоровиќ и Виолета Аларова.

Loading...
Next Post

ЈОГУРТ, Млеко, црн чај ... што навистина помага кога ќе изгоpите на сонце: Дерматолог ја открива вистината - Ова е најдоброто

Дерматолозите откриваат што да направите ако се изгорите на сонце! Дерматолозите ве советуваат да ги преземете сите мерки за заштита за да не се изгорите на сонце, бидејќи изгорениците го зголемуваат ризикот од ра к на кожата. Меѓутоа, ако сепак ви се случи да поцрвените од прекумерно изложување на сонце, […]