Се огласи и менаџерот на Готик клуб од каде исчезна Матеј: Немаме никаква соработка со Веља Невоља

admin22
loading...

Српската полиција во соработка со Интерпол спроведува истрага на копно и во вода, а на терен се кучиња трагачи, форензичари, професионални нуркачи и волонтери. Засега не се објавуваат премногу информации во јавноста, иако околу целата истрага се создадени низа мистерии.


Сè уште е неразбирливо зошто српскиот МУП тврди дека немало инцидент во Готик, иако тоа го потврдија повеќе страни. Нејасно е дали членовите на обезбедувањето и келнерите од клубот биле сослушани и ставени на полиграф, ниту пак зошто во клубот од кој бегаше Матеј не почнала потрагата по снимки и докази, а притоа изгледа како тој да побегнал од некоја опасност или обид да дојде до точно одредена цел, пишува хрватски Вечерњи лист.


Има голем број прашања на кои јавноста бара одговори, особено што клубот Готик неодамна се поврзуваше со врвот на српското криминално милје, што го обезбедуваа членовите на Гробарите – навивачите на ФК Партизан.

Српските таблоиди објавија неколку снимки од надзорните камери во Белград, на кои е препознаен Матеј Периш, како онаа на која се гледа како трча кон бело такси и се обидува да го застане. Нема докази ниту траги кои би укажале дека Матеј влегол во Сава, а неговиот татко Ненад кој престојува во Белград ја отфрлил можноста неговиот син да е на видеото каде непознат маж плива во Сава.

Видеото е објавено во српските таблоиди кои имаат тенденција да пласираат сензационални и непроверени вести. Очигледно е снимен со мобилен телефон летото, но не е со сигурност утврдено кога е создадено.

Во јавноста се појавија низ неточни информации за пријателите на Матеј кои биле со него во Белград. Така, на социјалните мрежи со денови се споделуваа објави со погрешни имиња во кои се претпоставува дека Матеј бил во проблематично друштво кое сега молчи пред јавноста, и очигледно крие детали.

Но, Вечерњи лист дошол до фотографијата направена во комбето во кое Матеј и пријателите биле на пат за Белград. Тим од седум млади луѓе од Сплит најпрвин со автомобил отишле во Загреб, а потоа таму изнајмиле комбе, со кое на 30 декември заминале за Белград каде изнајмиле стан.


На јавноста веќе и е познато дека меѓу друштвото имало и двајца браќа кои веќе разговарале со медиумите по име и презиме. Наводно се работи за синови на познат сплитски претприемач. Еден од нив студирал на ПМФ во Загреб и седи до возачот, додека другиот брат седи до Периш. Покрај нив и Матеј, во комбето имало уште четворица млади момчиња на возраст од 25 до 29 години.


На YouTube се појави видео на кое се гледа како млад човек трча по белградските улици, за кој медиумите велат дека е Матеј Периш, младото момче од Сплит, кое исчезна во Белград ноќта меѓу 30 и 31 декември 2021 година. Информации дека тој е на видеото не е официјално потврдено, ниту пак на многу претходно објавени во таблоидите.

Потрагата по Матеја влезе во 13-ти ден.


Припадниците на хрватската полиција во понеделникот пристигнаа во Србија за оперативно да соработуваат со колегите од Белград и да се запознаат со истрагата со цел да се најде каква било трага која би одела во насока на позитивен исход од оваа потрага.

Да потсетиме, 27-годишниот Матеј Периш од Сплит исчезна на 31 декември 2021 година. Тој со пријателите пристигна во Белград на новогодишната ноќ. По вечерата во блискиот ресторан, тие се упатија кон клубот Готик. По излегувањето од клубот околу 2 часот по полноќ му се губи секаква трага.


Со помош на снимките од надзорните камери од улиците на Белград, неговото движење било делумно реконструирано.

Морам да кажам дека имам апсолутна доверба во полицијата на Република Србија“, изјави таткото на Матеј, Ненад Периш.


Немало никакви инциденти во ноќниот клуб вечерта каде Матеј Периш бил со пријателите пред да исчезне, јави еден од менаџерите на клуб Готик. Тој објасни дека Матеј и пријателите немале никакви инциденти. Ниту тоа друштво, ниту другите гости.

„Слушнав некои небулозни приказни за Матеј како го држат во подрумот на клубот, но, луѓе, тоа е голема глупост. На снимката од камерата јасно се гледа дека тој истрчал д клубот.

Впрочем, еден од пријателите на Матеј подоцна во неформален разговор ми призна дека нема замерки за времето поминато во клубот“, изјавил менаџерот, пренесува белградски Курир.

„Клубот не работи по исчезнувањето на Матеј. На сите им беше тешко тоа што му се случи но апсурдно е да ни се препише дел од вината за тоа. Слушнав дека некој објавил дека Веља Невоња ни го држи обезбедувањето на клубот, што секако не е точно“, додава менаџерот на клубот.

Инаку, ноќта меѓу 30 и 31 декември во Белград исчезна 27-годшниот Матеј Периш.

Loading...
Next Post

Доаѓа еден од најголемите и најтешки христијански празници: Сите немажени девојки треба да направат една работа!

Според верувањата, 18 јануари точно на полноќ , ноќта, се отварало небото и на сите што будни ќе го дочекаат празникот, Бог ќе му ги исполни желбите. Тој час и водите за миг престанувале да течат и биле лековите. Од таа вода да се на леело, можело да се лекуваат […]