Се огласи Цеца по одлуката на Анастасија да го напушти Гранд: Жестока порака, не можеше ова да го премолчи

admin22
loading...

Натпреварувачите на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“ предизвикаа конфликт меѓу членовите на жирито, а еден од нив се повлече од понатамошното учество.

Анастасија Иќуруп (21) и Маја Ѓорѓевиќ (23) се појавија во латекс трико, едното во црно, а другaта во црвено, што не им се допадна на постарата гарнитура на стручното жири.

Ана Бекута, Снежана Ѓуришиќ и Драган Стојковиќ Босанац беа крајно агресивни коментирајќи ги овие двајца кандидатки, а од друга страна Виолета Вики Миљковиќ, Александар Милиќ Мили, Светлана Цеца Ражнатовиќ, како и менторите на младите пејачи Марија Шерифовиќ и Џорџ Давид застанаа во одбрана.

Анастасија се огласи на Инстаграм и го сподели видеото на Марија Шерифовиќ која прва сподели дека младата пејачка го напушта шоуто. Натпреварувачката напиша и кратка порака за своите фанови:

„Ако се откажав од натпреварот, не значи и од кариерата! Моето време допрва доаѓа, наскоро ќе ви подарам нешто ново, истакна таа на Инстаграм.

Само да потсетиме, проблемот настана по дуелот на Маја Ѓорѓевиќ и Анастасија Иќуруп во последната емисија „Ѕвездите на Гранд“, кога членовите на жирито ги коментираа нивните стајлинзи.

Тогаш нивната изведба и пејачки способности паднаа сосем во втор план, посебно затоа што, како што беше кажано, повеќе и немаа што да coблечат, па жирито се надвикуваше дали нивниот изглед беше вyлгарен, невкусен или не.

Имено, пејачката и член на жирито Ана Бекута иницираше дискусија поврзана со стајлингот на двете натпреварувачки, кои се појавија едната во црн провокативен костим, а другата во црвено.

„Не знам што значи тоа, каде го наоѓате, каде ги купувате тие работи, како што изгледа катастрофа е. Толку е тоа евтино, изгледате евтино, тоа е катастрофа. Не можете да го направите ова вака, деца ,Не дозволувам да не го кажам ова,ти влијаеш на децата што не гледаат.Тоа што го правиш,посебно ти, ги тераш да се облекуваат вака.Ова е непримерно,одвратно“ изјави Ана Бекута.

Целиот „циркус“ го започна пејачката Ана Бекута откако истакна дека има страшна замерка на сметка на нивниот изглед. Но по нејзиниот коментар за пејачките, Ѓорѓе Давид ја остави вез зборови – тој и порача да оди на диета, па потоа и таа би можела така да се облече,

Цеца во еден момент не можеше да не ги предупреди сите свои колеги за „полошите ситуации“ од претходните сезони на „Ѕвездите на Гранд“.

– Имаше и полоши навреди пред да дојдам, па ти молчеше – истакна Ражнатовиќ, алудирајќи на ситуацијата кога минатогодишната натпреварувачка Вања Кнежевиќ беше дисквалификувана од музичкиот натпревар.

За потсетување, Јелена Карлеуша во последната сезона на „Ѕвездите на Гранд“ агресивно ја коментираше комбинацијата на облека на Кнежевиќ, а оваа натпреварувачка ги поддржа нападите на овој член на жирито на социјалните мрежи и затоа беше повлечена од понатамошното учество во ова шоу. Целата ситуација предизвика масовни реакции во јавноста, а Светлана Ражнатовиќ и помогна на Вања да ја сними првата песна.

Loading...
Next Post

Неверување и шок: Нови детали за оcомничениот убиeц на ракометарот Денис Тот

Погребот на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој почина под, засега сè уште, неутврдени околности во Скопје, е закажан за утре во неговото родно Ѓаково. Неговиот брат Борис го објави некрологот со емотивни пораки за прерано згаснатиот живот на Денис Тот. Ракометарот во петокот беше хоспитализиран во Клиничкиот центар во Скопје, […]