Се откри долго чувана тајна за “МОЛИТВА“ – Хитот кој и донесе победа на Марија Шерифовиќ првин го испеа оваа пејачка

admin22
loading...

Хитот кој и донесе победа на Марија Шерифовиќ бил наменет за друга пејачка

На музичкото натпреварување „Fantom Singer“ во Јужна Кореја во петокот можеше да се слушне песната со која Марија Шерифовиќ победи на Евровизија…


Во Јужна Кореја секој петок се емитува музичкото натпреварување „Fantom Singer“, кое е многу популарно во оваа земја.

Во последната епизода што се емитуваше, изненадување на вечера беше изведбата на групата Edel Reinklang, чии членови ја испеаја песната „Молитва“ на Марија Шерифовиќ.

Марија со оваа песна во 2007 година ја претставуваше Србија на Евровизија и во таа прилика на својата држава и ја донесе долгоочекуваната победа.

Како што Марија ја воодушеви Европа, така и момците кои ја изведоа нејзината песна ја воошевија неа.


„Драги колеги, ви честитам од дното на моето срце. Ова е најдобрата верзија на „Молитва“ што некогаш ја имам слушнато. Ви посакувам сѐ најдобра во вашата идна кариера и натреварување. И се гледаме наскоро“ – напиша на стори на Инстаграм, на кое и ги означи момците кои ја испеаја нејзината песна.

Нејзината песна „Молитва“ беше апсолутен фавори, а остана голем хит кој се слуша и денес.

Инаку тогаш Марија како да имала претчувство и пред заминувањето на Евровизија во Србија ветила дека ќе ја донесе Евровизија во нивната земја.


Таа вчера по повод 12 мај денот на евровизијата на која таа победи, се потсети накратко победата, но откри еден неверојатен детаљ кој можеби и помогнал да го освои првото место.

-Од секогаш сум верувала во Дедо Мраз, и така ќе остане, напиша на една од фотографиите Марија. Дете во душата денес, а камо ли тогаш со само 22 години…“, напиша Марија под другата фотографија.


Инаку Марија е родена е во Крагуевац, Србија. Нејзината мајка, Верица Шерифовиќ, е исто така пејачка која е од српско и ромско потекло. Нејзиниот татко, Рајко, е од турско потекло.

Нејзиниот прв албум е „Нај, најбоља“, издаден во 2003 година, и бил многу добро прифатен. Најголем хит од овој албум била песната „Знај да знам“ компонирана од Дарко Димитров. Летото 2005, таа го издаде синглот „Агонија“, кој бил верзија на грчката супер ѕвезда Деспина Ванди (I Believe It).


Нејзиниот втор албум е „Без љубави“, издаден во 2006, и бил многу успешен. На почетокот на 2007, таа го издаде вториот сингл наречен „Без тебе“. На 28 јуни, 2007 таа го издаде албумот наречен „Најдоброто од Марија Шерифовиќ“.

Во 2003, таа настапи на Будва фестивалот со песната „Горка чоколада“, повторно од Дарко Димитров. Во 2004, таа беше дел од истиот фестивал со песната „Бол до лудила“ и зема прва награда.


На 21 февруари, 2007, Марија Шерифовиќ го оддржа својот прв соло концерт во белградската сала Сава Центар, што се смета за голем хит на српската музичка сцена. 4,000 луѓе беа присутни.

Иако „Евровизија“ се поврзува со името на Марија Шерифовиќ и триумфот кој ја одбележа нејзината кариера со песната „Молитва“, Марија ја градеше својата кариера и пред тоа, па учествуваше на некои домашни фестивали.

Една од првите победи во серијата што ја оствари беше на „Радио фестивалот“ со песната „Во недела“.


Поминаа 15 години од тој натпревар, а песната е сè уште актуелна.

Сепак, интересна е приказната за песната чиј автор е Леонтина Вукомановиќ.

Фактот дека песната беше наменета за многу младата пејачка Соња Коциќ во тоа време е доказ за тоа колку е искусна во нејзината работа. Откако Соња ја отпеа песната во студиото, Леонтина не беше задоволна од имнтерпретацијата и реши дека некој друг ќе ја отпее песната, пишува Пулс онлајн.


Одлуката падна на Марија Шерифовиќ, која додаде емоции со својот моќен вокал и ја направи песната уште подобра. Леонтина секако не погреши, а тоа беше само увертира за понатамошните успеси на Марија.

Loading...
Next Post

Ване од утринска откри кој му помогнал кога му било најтешко: Се појави од нигде никаде и ми подаде рака

По пет години поминати во Канал 5 ТВ, водителот Ване Маркоски вели дека одлучил оти токму годинава е дојдено времето за прoмена. Ване е среќен за новиот предизвик, утринското дружење со гледачите на МТВ 1. Ване сега е дел од екипата на утринската програма „Македонија наутро“. „Поодамна имав желба да […]