Се сликаат со нозе дигнати во вис, па после се лутат кога ги нарекуваат вака или онака

admin
loading...

Наидовме на интересен статус на социјалните мрежи, кој ги коментира многуте пејачки, водителки, инфлуенсерки, кои на социјалните мрежи почнаа да рекламираат разноразни производи:

„Суптилниот маркетинг зема сè поголем замав, како во светот, така и кај нас. Тоа во превод е нешто што треба да го видите, ама од втор план.

Пејачки, водителки, актери, секој нешто држи во раце, “као случајно”, но не само тоа, туку и отворено се оставаат коментари под фотографиите во кои се наведуваат фановите дека производот е добар.

Во ред, секој се бори за приход повеќе, па и ова своевидно понижување на припадниците на естрадата може да се сфати на тој начин, но се оди до ниво на вулгаризација, тоа е она што пречи.

Па така, се сликаат во непристојни пози со нозете во вис, се фоткаат пред новогодишна елка со пижами, ама не било какви, туку нели, најдобрите, држат во рака шминки, јадат пици, торти…

Но каква е овде користа на продавачите, нарачателите на ваквите индивидуални кампањи, односно дали воопшто ја има? Би рекле не. Еве зошто.

За да станат популарни и да бидат заследени на социјалните мрежи, нашите пејачки, водителки секојдневно поставуваат фотографии и се трудат, истите да бидат што по провокативни.

Таквите нивни најчесто разголени фотографии во најголем број ги следат фанови одд машката популација. Па би им упатиле еден апел на нарачателите на ваквите кампањи.

Пред да одлучите да одвоите средства од вашиот маркетинг буџет, за ваков вид реклама, побарајте им на соработниците аналитика.

Бидејќи, на кого ќе им продава женска козметика или хулахопки дотичната “популарна” личност, доколку деведесет проценти од нејзините фанови се мажи.

А вие девојки, па и момци, не се навредувајте кога ве нарекуваат “Спонзоруши”, бидејќи ова го правите за пари кои ви ги даваат компаниите, ваши спонзори.

Loading...
Next Post

Илија Димовски: Кој повеќе ја задолжи Македонија - СДСМ или ВМРО?

Илија Димовски: Големите лаги на малите провидни политичари… „СДСМ ја задолжува Македонија со 2,4 пати побрзо темпо, а не гради ништо… ВМРО-ДПМНЕ ја задолжуваше Македонија со просечно 254 милиони €/годишно.. СДСМ во овие 3 години и 9 месеци просечно не задолжува со 640 милиони €/годишно… ВМРО-ДПМНЕ кога ја напушти власта јавниот […]